Претставен е Lamborghini Huracan STJ, направени се само 10 примероци

Сведоци сме на пресвртницата во која Lamborghini ќе го прати во историјата Huracan и неговиот V10 мотор.

Во оваа прилика, производителот ја лансира последната ограничена серија која му оддава почит на овој веќе иконски модел. STJ или подолгиот Super Trofeo Jota е ограничен на само 10 примероци, кои најверојатно биле распродадени пред неколку месеци.

Основата е верзијата STO, што значи дека се напојува со 5.2 V10 атмосферски скапоцен камен. Не е модифициран, што значи дека неговите излезни карактеристики се 640 КС при 8000 вртежи во минута и 565 Nm, а системот вклучува и седумстепен LDF (Lamborghini Doppia Frizione) менувач со две спојки и погон на задните тркала.

Подвозјето е префинето со тркачка суспензија со нови прилагодливи амортизери и малку помеки пружини, а поставени се и специјални пневматици Bridgestone Potenza. Lamborghini вели дека за време на тест на патеката во техничкиот центар Нардо, времето на кругот било скратено за цела секунда во споредба со верзијата STO.

Ексклузивноста на автомобилот е естетски дистанцирана со две различни конфигурации и опции за боја. Првиот ги комбинира Grigio Telesto (сива) каросерија и Nero Noctis (црн) покрив со детали од Rosso Mars (црвено) и Bianco Isi (бело). Истиот стил продолжува и во кабината. Втората конфигурација се одликува со каросерија Blu Eliadi (сина) со Nero Noctis (црн) покрив и Rosso Mars (црвена) и Bianco Isi (бел) акцент.

Последниот Huracan има и нумерирана плочка од карбонски влакна означена како „1 од 10“.

Сè на сè, некако изненадувачки крај за десетгодишниот Хуракан. Неговиот претходник, Gallardo, се повлече со многу поголем удар, со моделот Sesto Elemento.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер