Претставена е новата Лада (ВИДЕО)

Рускиот производител по обновувањето на бројните делови од производството, вклучително и некои специјални верзии, реши да започне со производство на нови модели со помош на партнерите.

Првата во серијата е Lada X-Cross 5, модел кој штотуку беше претставен пред руската публика. Додека Renault му сврте грб на рускиот производител, се најде нов партнер во многу моќната кинеска автомобилска индустрија. Подобрите познавачи ќе забележат дека новитетот на Lada е всушност FAW Bestune T77, а единствената разлика е во амблемот на предната табла и воланот.

Компактниот теренец е со должина од 4525 mm, претставен е во 2018 година, а на рускиот пазар се продава од 2020 година. Сега, по премиерата во Сочи, моделот добива ознаки на Лада, вклучувајќи го и амблемот на воланот.

Освен надворешноста, внатрешноста остана идентична со дигитален кокпит кој вклучува два екрани. Најмодерната Лада е придвижувана од 1,5 турбо бензински мотор кој произведува 162 КС, се нуди во комбинација од шестстепен мануелен менувач или автоматски со поголема брзина. Погонот е исклучиво на предните тркала, а цената би требало да започне од околу 24.200 евра. Моделот ќе се произведува во поранешните погони на Nissan во Санкт Петербург.

Во меѓувреме, Lada претстави специјална верзија на Niva Travel во хокејско издание, а обновено е и производството на моделот Grant со 16V мотор од 106 КС.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер