Првата нова патека , откако натпреварувањето во Ф1 во сопственост го презеде американската компанија Либерти Медија, е долга 5,5 километри и има 22 кривини.
Заштитен знак на опваа нова патека се долгите делници од кои една е долга 1,5 километри, на која се очекува болидите да достигнат брзина и од 335 километри на час. патеката која минува низ улиците на ханој е четврта ваква патека во светот по Монако , Сингапур и Баку.
Дизајнерот Херман Тилке инспирацијата ја нашол во другите патеки , па така првите две кривини се пресликани од патеката во Нирнберг , додека кривините 12 до 15 се пресликани од Монако.
Кривините 16-19 потсетуваат на Сузука во Јапонија , а последните три се инспирирани од малезискиот Сепанг.
Големата награда на Виетнам на програмата на Ф1 ќе биде во април 2020 година.