Превентивни мерки во Штип против африканската свинска чума-сточарите ќе бидат обештетени

Министерот за земјоделство Димковски во Штип ги согледуваше теренските активности околу преземањето на превентивни мерки за подготвеноста за заштита од ширењето на болеста африканска свинска чума.

Ветеринарите и локалната власта ќе ја играат една од значајните улоги во примената на превентивните мерки заради што и се врши увид во нивната подготвеност.

Клучно за борбата со ширењето на вирусот на африканската свинска чума кој го имаме во земјите околу нас се превентивните мерки. Како една од позначајните е мерката за намалување на бројот на свињи по малите семејни фарми кои немаат биосигурносни мерки и не планираат да ги воведат. За сите мали сточари владата донесе одлука свињите кои имаат ушни маркици да ги заколат во кланица и да добијат по 3000 денари од свиња без разлика на килажата која ја постигнале. Една од можностите е да си го земат месото за сопствени потреби а ако имаат повеќе свињи и немаат потреба од месото тогаш кланиците кои имаат склучено договор со АХВ се должни да го земат тоа месо да го платат во рок од 5 дена по цена од 100 денари за килограм.

Договорена цена според сточарите е реална и нема да трпат загуби ако се знае дека само пред два месеци откупните цени кај кланиците беа по 70 денари за исти такви свињи од 80 до 120 килограми. За малите прасиња ќе се исплаќаат по 170 денари за килограм а за маторица ќе се плаќа по 24 илјади денари по грло. Според информациите наскоро и припадниците на армијата се вклучуваат во лов и тоа во ловиштата каде нема концесионери.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер