Прием за пливачот Стојаноски во Агенцијата за млади и спорт

По освоениот медал на Светското првенство за пливачи со оштетен слух во Сан Антонио, САД од страна на Андреј Стојаноски, денеска Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција на која беше поздравен неговиот успех.

Според директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, Андреј е врвен македонски спортист со одлични резултати.

- Андреј Стојаноски е во групата врвни македонски спортисти и притоа има континуитет на врвни резултати. Во неколку наварти Стојаноски го освојуваше четвртото место, а ова сега е негов најдобар резултат. Тој е носител на стипендија од светска категорија и со овој резултат ја потврди и за следните четири години. Ова е огромен успех и за неговиот тренер, кој истотака ќе добие и еднократен надоместок. Поддршката од Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи, а учеството на ова натпреварување беше помогнато со 250.000 денари, истакна Спасески.

За освојувачот на медалот Андреј Стојаноски среброто била голема желба на натпреварот во Сан Антонио.

- Ова беше тежок натпревар, а сребрениот медал беше голема желба. Во иднина ќе тренирам и се надевам дека ќе освојам и златен медал, потенцира Стојаноски.

Пливачот Стојаноски беше учесник на четири финални трки, а среброто го освои во дисциплината 1.500 метри слободно, додека на 400 слободно беше петтопласиран, на 200 слободно беше осми, а седмото место го освои во дисциплината 400 метри мешано.

Стојаноски и неговиот тренер Марјан Соколовски за време на претстојот во САД имаа голема помош од поранешниот пливач и олимпиец на Македонија Кире Филиповски. Инаку, соработката меѓу Стојаноски и Соколовски трае 12 години. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер