Пријавени 24 пливачи за 29-тиот Охридски пливачки маратон

Дваесет и четири натпреварувачи од кои 12 мажи и исто толку жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија имаат пријавено учество на 29-тиот по ред Меѓународен пливачки маратон што в сабота 29. август ќе се плива во водите на Охридското Езеро.


Меѓу пливачите од светската маратонска елита оваа година боите на Македонија ќе ги бранат нашите маратонци Томи Стефаноски и Евгениј Поп Арсов.
Охридскиот пливачки маратон се плива на патеката „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс „ Св. Наум“ до Градското пристаниште во Охрид, со вкупна должина од 30 километри.

Организатори на маратонот се Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата. Оттаму со информација дека сите активности во врска со настанот се во завршна фаза. Општина Охрид и оваа година целосно ја презема одговорноста околу техничката организација на маратонот, што подразбира поддршка околу организацијата во поглед на чамци за придружба, контролни чамци, глисери, бродови, детали околу организирањето на културно–забавниот дел на манифестацијата на самата цел, како и нуркачи, спасувачки екипи и друго.

За охридската локлана самоуправа Охридскиот пливачки маратон е настан од посебна важност, бидејќи како настан од светски рамки, придонесува за афирмација на Охрид како спортски и туристички центар.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер