Принцот Чарлс и натаму ги има клучните симптоми , со месеци по заразата со корона

Принцот Чарлс сè уште не го вратил чувството за мирис и вкус откако се зарази со коровирусот во март.

Британскиот принц зборувал за неговата здравствена состојба и искуството од инфекција со коронавирус за време на посетата на Кралската болница во Глочестершајр во разговор со здравствените работници. Притоа, цело време ги следел правилата за оддалеченост од два метри.

Тој бил придружуван од неговата сопруга, војвотката од Корнвол, која рече дека персоналот го покажал „најдоброто лице на Велика Британија“. Нивната посета во болницата бил првиот јавен настап на двојката откако се воведени строги мерки за ограничување во Британија.

За време на посетата на болницата, лоцирана во близина на имотот на принцот Чарлс, тие се сретнале со персоналот и од неколку фондации на NHS; вклучувајќи советници, медицински сестри и чистачи.

Џеф Милс (47), здравствен работник во болницата Челтенхам, изјавил дека принцот Чарлс зборувал за неговото лично искуство и дека станува збор за искуство од прва рака.

„Тој, исто така, ја спомна неговата загуба на мирисот и вкусот и дека сè уште не му се вратиле целосно“, беше цитиран Милс од Би-Би-Си.

На 71-годишниот принц му беше дијагностицирана инфекција со ковид-19 многу брзо по почетокот на пандемијата. Колку што е познато, тој имал само благи симптоми на болеста, а експертите сметаат дека губењето на мирис е еден од клучните симптоми.

Војвотката од Корнвол изјави дека минатиот викенд ја оствариле својата прва вистинска средба со внуците, велејќи дека тоа е „одличен настан“ иако не можеле да ги гушнат.

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите

Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз (88) денеска ќе биде подложен на медицински прегледи поради висока температура и болки во зглобовите, објавија државните медиуми.

Кралот на Саудиска Арабија ќе биде подложен на прегледи во Кралската клиника во палатата Ал Салам во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море, објави државната саудиска новинска агенција.

Како што се наведува, лекарскиот тим одлучил да изврши лекарски прегледи за да се утврди здравствената состојба на саудискиот крал, но не се соопштуваат детали. Саудискиот монарх беше примен во болница на лекарски прегледи во април, а подоцна беше отпуштен.

Тој е на власт од 2015 година, но се верува дека неговиот син, престолонаследникот Мохамед бин Салман е задолжен за секојдневните државни работи./МИА

Првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова во Ватикан и Рим

На 23 мај, според протоколот, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар на Ватикан за односи со државите.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја оствари во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј, потврдија за МИА од претседателскиот кабинет.

На 23 мај, според протоколот, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар на Ватикан за односи со државите.

Чествувањето на сесловенските просветители ќе се одржи на 24 мај со посета на базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и во базиликата Санта Мариа Маџоре каде венец ќе постават на плочата испишана на македонски јазик.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката Сиљановска Давкова ќе се сретне и со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела.

Сиљановска Давкова, како што велат од нејзиниот кабинет, се уште не е познато дали ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.

Дваесет лица загинаа во израелскиот напад врз бегалскиот камп Нусеират

Дваесет лица загинаа пред да зазори во израелски воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Нусеират, во централниот дел на Појасот Газа, уништен за време на војната, соопштија од болницата Ал Акса и потврдија очевидци.

„Примивме 20 убиени луѓе и неколку ранети откако израелски воздушен напад беше насочен кон куќа на семејството Хасан во бегалскиот камп Нусеират во центарот на Газа“, се вели во соопштението на болницата.

Очевидци изјавија дека нападот бил извршен околу 3 часот по локално време. Израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.

Официјалната палестинска новинска агенција објави дека меѓу ранетите има неколку деца и дека спасувачките екипи трагаат по затрупаните луѓе во урнатините.

Израелската војска вели дека спроведува само целни операции.

Очевидци велат дека се слушнале експлозии и дека борбите во Џабалија траеле цела ноќ./МИА

притисни ентер