Принцот Хари во цврстата прегратка на Рита Ора (ФОТО)

Додека сите зборуваат за неговата афера со манекенката Маклин , британскиот принц Хари се гушка со пејачката Рита Ора , по потекло од Косово.

Принцот Хари беше гостин на хуманитарен концерт за заболени од ХИВ во Хамптон Корт Палас во Лондон , каде настапи пејачката Рита Ора. Британската пејачка со косовско потекло и вистинско име Рита Сахатчиу (28) , не го криеше одушевувањето од средбата со принцот. Таа беше во друуштво на мајка и кога му пријде на Хари и силно го гушна.

Рита гии објави фотографиите на Инстаграм со текст во кој меѓу другото се заблагодарува на фондацијата на принцот што била повикана да настапи.

,,Беше прекрасно повторно да се види војводата од Сасекс и ми беше чест што настапив и што изразив поддршка на одличната работа на Сентејбл , која им помага на младите заболени од ХИВ во Јужна Африка.” , напиша пејачката.

Во коментарите , нејзините фанови изразуваат одушевување од Рита и принцот со зборовите дека таа е принцезата која требало да се омажи за Хенри. ,,Рита , ти би била прекрасна принцеза...Вие двајца сте толку убави...Вистинска англиска кралица ...” , беа дел од коментарите.

Оваа средба се случува среде аферата според која принцот Хари , додека бил во љубовна врска со Меган Маркл , имал афера со манекенката Сара Ана Маклин.

Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата

Спроведовме европски избори во слободни, мир, фер и демократски изборни процеси во двата изборни круга. 

Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, која што стреми да биде членка на ЕУ, порача на денешната прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери.

Тој на прес-конференцијата на којашто се осврна на работата на Владата во изминатите 100 дена, посочи дека овие избори ќе се спомнуваат по тоа како може и како треба да се работи во интерес на граѓаните и државата.

-Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на претседателските и парламентарни избори. Ова е обврска доверена согласно Уставот и законите и јас како премиер и Владата доследно ја исполнивме.Потврда на моите зборови се и честитиките и изразите на почит на нашите европски партнери. Ако по нешто се оценуваат европските и демократските капацитети на една власт, тогаш тоа се изборите, рече Џафери.

Тој изрази благодарност до институциите и до граѓаните затоа што, како што рече, беа на висина на одговорноста и придонесуваат кон заложбите државата да напредува според европските вредности.

-Токму вака, на дело се работи за големата европска идеја. Очекувам овој процес да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напедокот во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство во динамичен процес до 2030 година, додаде Џафери.

Според Џафери, сега треба и мора да се продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна власт.

-Граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно, предвидливо и стабилно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет. Со чист образ, мирна совест и можна почит кон сите граѓани можам да оценам дека тоа што го најавив кога стапив на должност дека ќе работам во интерес на сите граѓани и државата, и го спроведов. Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец е уште еден придонес во демократијата. Продолживме по стратешки евроантлански колосек, реализирав бројни средби на значајни меѓународни настани, додаде Џафери.

Како што рече, ги донеле сите други потребни одлуки кои се значајни за квалитетот на животот на граѓаните, согласно надлежностите од Уставот и законите.

-Овде мислам на решенија кои ги изнајдовме за приоритетните проблеми, и во таа насока, спроведена е ефикасна координација со и помеѓу институциите. Доаѓајќи од Законодавниот дом, имав прилика да се насочам и на прашањата кои што беа иницирани од поодамна, а за кои имав можност да најдам решение во својство на премиер, потенцираше Џафери.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка, фан на Реал Мадрид

Најпопуларната хрватска навивачка атрактивната Ивана Кнол покажа дека е и голем фан на Реал Мадрид.

Ивана , веројатно најпопуларната навивачка на фудбалот, во средата во живо го следеше полуфиналето од Лигата на шампионите во Мадрид помеѓу Реал и Баерн.

Сексапилната Ивана привлече големо внимание поради тоа што носеше црни хеланки, кратка маичка кои ги истакнаа нејзините бујни облини.


Ивана, логично, поради нејзиниот славен сонародник Лука Модриќ навиваше за Реал.

Барела ќе остане во Интер за рекордна сума

 Италијанскиот репрезентативец Николо Барела се согласил да го обнови договорот со Интер до 2029 година, објави денеска весникот „Газета дело спорт“.

Според новите услови на договорот, Барела ќе стане најплатен Италијанец во Серија А. Играчот од средниот ред ќе заработува 6,5 милиони евра годишно плус различни бонуси со кои износот ќе надмине седум милиони евра.

Досега најскапо платени италијански фудбалери во Серија А се соиграчот на Барела, Алесандро Бастони (5,5 милиони евра) и Федерико Киеза од Јувентус (пет милиони евра).

Во наредните денови се очекува Интер да го продолжи договорот и со тренерот Симоне Инзаги.

притисни ентер