Пристигнува и електричната верзија на Hyundai Casper со цена под 20.000 евра (ВИДЕО)

Слаткиот мал кросовер од Hyundai добива електрична верзија.

Не требаше долго да чекаме некој друг да влезе во конкуренција по Stellantis и електричниот Citroen S3 со цел да ги намали цените. За потсетување, Citroen најави дека e-C3 на европскиот пазар ќе се нуди од 23.300 евра, што со оглед на тоа што го нуди, го прави најконкретна понуда во областа на поевтините електрични модели.

И сега Hyundai се приклучува на приказната. Неговиот исклучително симпатичен Каспер, добива електрична изведба. Во исто време, новото издание ќе го преземе дизајнот на новата Kona, а таа би можела да добие неколку сантиметри.

Сепак, тоа ќе биде помал модел од Bayon, поставен на платформата K1, а ќе се нуди во електрична верзија.

Со план од 3,7 на 1,7 метри ќе биде помал од споменатиот e-C3, но и значително попристапен. Електричната верзија ги следи стапките на својот близнак од Кореја, моделот Ray, кој веќе се нуди на корејскиот пазар.

Се карактеризира со батерија од 35,2 kWh и досег од солидни 205 km со погонски електричен мотор од речиси 90 КС. Се продава во Кореја по цена од 19.000 евра.

Сегашните проценки сугерираат дека Casper EV може да се нуди во Европа за помалку од 20.000 евра.

НАСА постави прв шеф за вештачка интелигенција, за си ја да обезбеди водечката улога

НАСА го назначи својот прв шеф на вештачка интелигенција (ВИ) кој ќе биде во чекор со ова витално и брзо развивачко поле.

Станува збор за Дејвид Салвањини, кој беше шеф за користење податоци, пишува Space.

„AI се користи безбедно во НАСА со децении и како што се развива оваа технологија може да го забрза процесот на откривање. Важно е да останеме на чело на напредокот и одговорното користење. На својата нова позиција, Дејвид ќе ја води одговорната употреба на вештачката интелигенција во вселената и на Земјата за доброто на целото човештво“, се вели во соопштението на НАСА.

Американската вселенска агенција користи вештачка интелигенција, на пример, во климатското моделирање, за да придонесе за подобро разбирање на ефектите од глобалното затоплување врз животната средина и нивното ублажување.

Салвањини ќе управува со развојот на широка визија за развој и употреба на вештачка интелигенција, како и иновации преку оваа технологија. Во проширен капацитет, НАСА ќе продолжи да соработува со други владини агенции, академски институции, индустриски партнери и други експерти за да обезбеди лидерска позиција во областа на вештачката интелигенција.

Салвањини се приклучи на НАСА во јуни 2023 година по повеќе од 20 години во разузнавачката заедница. Има и воено искуство. Тој служел 21 година во воздухопловните сили на САД.

Во раководството на секторот за вештачка интелигенција, сепак, немало вакуум пред назначувањето на Салвањини. Кејт Калвин, научен шеф на НАСА, била задолжена за вештачката интелигенција.

Монструмот, кој 24 години си ја силувал ќерката и добил 7 деца со неа, оди во обичен затвор

Австрискиот суд пресудил дека Јозеф Фрицл, кој ја држеше својата ќерка во заробеништво 24 години, ја силувал и со неа имал седум деца, може да биде префрлен од психијатриски притвор во редовен затвор.

Државниот суд во градот Кремс во соопштение наведе дека 89-годишниот Јозеф Фрицл може да биде префрлен бидејќи тој повеќе не претставува вид на опасност што бара да биде задржан во психијатриски притвор.

Одлуката се заснова на сослушувањето на Фрицл на 30 април, како и на извештаите на форензичарите и психијатриските експерти, пренесува АП.

Поради напредната деменција на Фрицл и лошото физичко здравје, психијатрискиот притвор повеќе не е неопходен за неговото „комбинирано растројство на личноста“, бидејќи нема ризик да изврши сериозни кривични дела, објави судот.

Судот изјави дека Фрицл може да биде префрлен во затвор на 10-годишен пробен период, но дека не може целосно да биде ослободен.

Во јануари, обвинителите поднесоа жалба на претходната одлука според која Фрицл може да биде префрлен во редовен затвор, а и двете страни имаат право на жалба на последната одлука на судот.

Неговото злосторство стана познато во 2008 година, а следната година беше осуден на доживотен затвор за инцест, силување, принуда, затворање и ропство на неговата ќерка, како и убиство од небрежност на еден од неговите малолетни синови.

Фрицл стана познат како „Чудовиштето од Амштетен“ по градот во северна Австрија каде во 1984 година ја заклучил својата тогаш 18-годишна ќерка во звучно изолираниот подрум на неговата куќа.

Блинкен и Кулеба во Киев разговараа во пицерија

Министрите за надворешни работи на САД и Украина, Ентони Блинкен и Дмитро Кулеба денеска ручаа во Киев во пицерија на воени ветерани од војната со Русија.

Кулеба го пречека Блинкен на влезот во пицеријата а ручекот потоа траел 40 минути. За тоа време, на влезот во ресторанот имало вооружени чувари.

- Како познавач на пица како и повеќето Американци, мислам дека пицата овде е одлична. Топло ја препорачувам, рече Блинкен.

Ненадејната посета на американскиот државен секретар има за цел да го увери Киев за воената помош на Вашингтон, закочена неколку месеци поради споровите меѓу владата и опозицијата во американскиот Конгрес.

За време на претходната посета на Киев во септември минатата година, Блинкен беше со Кулеба во „Мекдоналдс“ за да го поздрави враќањето на тој бренд во Украина по неговото затворање на почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Кулеба денеска му кажа на Блинкен дека „некои на социјалните мрежи го критикувале затоа што го однел во Мекдоналдс, а не во украински ресторан“.

- Така што ја исправаме ситуацијата и го надополнуваме Мекдоналдс со пицерија која ја основаа украински ветерани и стана легендарно место, додаде шефот на украинската дипломатија.

Така, овој пат изборот падна на пицеријата „Ветерано пижа“, која во 2015 година ја основа Украинец кој се борел против проруските сепаратисти кои беа воено поддржани од Москва на истокот на земјата.

По ручекот, Блинкен прошетал до кафуле каде што се сретнал со претставници на украинското граѓанско општество.

За време на неговата прошетка придружуван од новинари, Блинкен накратко застана на централниот плоштад Мајдан пред импровизираниот споменик на украинските војници убиени за време на руската инвазија – илјадници мали сино-жолти знамиња на Украина поставени во тревник.

притисни ентер