Пристигнува новото електрично Мини, ќе се вика Ајсмен (ВИДЕО)

Mini Aceman првпат ќе ѝ биде претставен на јавноста за неколку месеци.

Опремен исклучиво со електричен погон, моделот ја проширува понудата на MINI со ново возило.

Со агилна динамика на возење и пропорции типични за марката, овој кросовер модел ги комбинира карактеристиките на двата најуспешни модели на MINI, MINI Cooper и MINI Countryman, за да создаде целосно нов концепт на возило.

Со должина од 4.075 mm, ширина од 1.754 mm и висина од 1.495 mm, MINI Aceman зазема место помеѓу MINI Cooper и MINI Countryman. Третиот самостоен модел во новото целосно електрично семејство MINI е опремен со четири врати и голема задна врата. Неговата внатрешност може да прими пет патници.

Новиот MINI Aceman ќе биде достапен само во целосно електрична верзија, со капацитет на батерија од 54,2 kWh. Дизајнот на новоразвиениот модел е во согласност со основниот принцип на марката: многу внатрешен простор со што е можно помали надворешни димензии, агилни возни карактеристики и ефикасност. Зад него се наоѓа функционален двоволумен дизајн со кратки настрешници.

Ова создава максимален простор за пет патници и багаж во минимална површина. На патот кон сериското производство, новиот модел во моментов треба да се докаже под екстремно високите температури на песочните пустински патишта.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер