Проблем со „Google Drive“: Еден куп податоци мистериозно исчезнаа од корисниците

Некои корисници на услугата „Google Drive“ пријавуваат загуба на податоци, кои се чуваат со месеци, а се чини дека ова не е единствената апликација на „Google“ зафатена од проблемот.

Кога станува збор за онлајн складирање податоци, „Google Drive“ е меѓу најпопуларните решенија. Бесплатен е и нуди дополнителни надградби и повеќе простор за складирање за релативно ниска цена.

Сепак, некои корисници известуваат дека изгубиле податоци од претходните неколку месеци на услугата, а можно е ова да не е единствената апликација на „Google“ што е засегната од проблемот.

Корисниците на социјалните мрежи најавуваат дека освен што губат податоци од „Google Drive“, имаат проблеми и со услугата „Gmail“.

Еден корисник го сподели својот проблем на форумите, забележувајќи дека датотеките од „Google Drive“ одеднаш исчезнале. „Drive“ се врати во состојбата од мај 2023 година.

Проблемот е пријавен во тимот за поддршка на „Google“, но корисникот посочува дека нема одговор од инженерите на „Google“ и не може да знае дали неговиот проблем се истражува.

Вработен во „Google“ подоцна се огласи, велејќи дека проблемот се истражува. Беа споделени и совети да не се исклучува сметката, како и да не се преместува или брише папката со податоци за апликацијата додека инженерите го решаваат проблемот.

Во меѓувреме, барем еден корисник на платформата „Mastodon“ тврдеше дека видел неколку случаи на луѓе кои пријавиле дека изгубиле дел од нивните податоци и на „Gmail“. Друг корисник му одговорил, велејќи дека „Gmail“ ги изгубил и ги вратил неговите мејлови истиот ден.

Извор: Б92

Армијата на Конго тврди дека спречила државен удар, три лица загинале во престрелката

Армијата на Конго соопшти денеска дека рано изутрината „спречила државен удар“ и ги уапсила сторителите, меѓу кои и неколку странци, а забележано е и пукање во главниот град Киншаса, при што загинаа три лица.

Портпаролот на армијата на Конго, генерал Силвен Екенге, на прес-конференција соопшти дека обидот за државен удар бил спречен од конгоанските одбранбени и безбедносни сили и дека ситуацијата е под контрола, но не даде повеќе детали.

Покрај тоа, се судриле луѓе во воени униформи и обезбедувањето на локален политичар во неговата куќа, на околу два километри од претседателската палата и делот од градот каде се наоѓаат некои амбасади. /МИА

Сабаленка за поразот од Швјонтек: Сè уште сум среќна со резултатот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го коментираше поразот од полската претставничка Ига Швјонтек во финалето на турнирот во Рим. 

Таа истакна дека генерално е задоволна од нејзиниот настап во главниот град на Италија.

- Иако работите не одеа во моја корист, сепак сум среќен со резултатот во Рим. Во првиот сет не играв многу добро и не ја чувствував мојата игра. Во вториот се обидов да бидам малку поагресивна. Имав неколку можности да направам брејк. Можеби ако ги реализирав, натпреварот ќе испаднеше поинаку. Но, јас не го направив тоа. Ќе се обидам подобро следниот пат, рече Сабаленка на прес-конференција.

Во меч што траеше 1 час 29 минути Швјонтек победи со резултат 6:2, 6:3. Првиот светски рекет ја освои својата четврта ВТА титула во сезоната и 21-ва во кариерата.

Ова е втор меч на тенисерките во последните две недели. Швјонтек и Сабаленка се сретнаа на 4 мај во решавачкиот меч на турнирот во Мадрид. Тогаш победи исто така првиот рекет на светот. /МИА

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

притисни ентер