Продолжуваат преписките за „ТНТ" – одбраната контра судот

 Препукувањата околу истекот на мандатот на судија поротник од судечкиот совет за случајот „ТНТ" од судница подолжија со отворени писма и дописи преку медиумите. 

По серијата отворени писма од адвокатите Јовица Страшевски и Мерџан Даути за време на празниците, вчера одговори и реакции пристигнаа од Основниот кривичен суд, Судскиот совет, Министерството за правда и Здружението на судии.

Основниот кривичен суд Скопје вчера апелираше до Адвокатската комора, МВР, но и Обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата – поротник, во однос на изјавите на дел од адвокатите во предметот „ТНТ" повеќе да не се појавуваат на судења бидејќи со тоа ќе направат кривично дело.

Адвокатот Јовица Страшевски, во отворено писмо до претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, пак го повика Иван Џолев на отворен ТВ дуел, за, како што вели, да се дознае вистината за „ТНТ".

Судскиот совет на РСМ го осуди однесувањето на адвокатот Страшевски – бранител на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, во случајот „ТНТ".

-На овој начин, адвокатот Страшевски покрај улогата на бранител, настојува да ја менаџира постапката во случајот „ТНТ"', да ја преземе и улогата на судија, спротивно на принципот на владеење на правото чиј сегмент е и принципот на судење во разумен рок. Судскиот совет не може да се меша во менаџирањето со предметите, но е заинтересиран постапките да се завршат без одовлекување во разумен рок, се наведува во денешното соопштение од Судскиот совет.

Оттаму информираат дека барањето на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мандатот на судија-поротник било ставено на дневен ред на 328-та седница на Судскиот совет од 25.12.2019 година.

– Дел од точките од дневниот ред беа одложени за 30.12.2019 година. Поради немање кворум за одлучување и потребата материјалите да бидат доставени на увид и проучување на новоизбраниот член на Советот, седницата се одложи за 27.01.2020 година, се додава во соопштението објавено на веб-страницата на Судскиот совет.

Министерството за правда, исто така, апелираше сите носители на јавни овластувања во судските постапки – судиите, адвокатите, обвинителите да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување – тоа да биде санкционирано.

– Апелираме сите носители на јавни овластувања во судските постапки – судиите, адвокатите, обвинителите, да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување – истото да биде санкционирано. Министерството за правда досега не коментираше актуелни судски постапки и останува на тој став, почитувајќи го принципот на немешање на извршната во судската власт, стои во реакцијата од Министерството за правда.

Судбината на предметите „ТНТ", „Титаник", „Монструм" и „Талир" е во рацете на Судскиот совет кој треба да одлучува дали поротничката Лилјана Ивановска Кочовска може да остане дел од судечкиот совет или нејзиниот мандат е завршен и ќе треба да почнат од почеток.

Адвокатите на одбраната, на неколку рочишта за случајот „ТНТ" укажуваа на судечкиот совет дека мандатот на поротничката Лилјана Ивановска Кочовска е завршен на 24 декeмври 2019 и дека според Законот за кривична постапка, доколку дојде до каква било промена на составот на судечкиот совет, судската постапка мора да започне од почеток.

Сепак, постапката продолжи и беа одржани неколку рочишта и по 24 декември, а судечкиот совет, укажуваше на фактот дека не е во нивна надлежност да одлучуваат за престанок на мандат на судија поротник и оти тоа е прашање на Судскиот совет.

Адвокатите на обвинетите во „ТНТ", откако на неколку рочишта укажаа дека судечкиот состав не може да продолжи со работа во истиот состав, изминатиот викенд излегоа со неколку отворени писма, најпрво до претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, а потоа и до самата поротничка.

Првиот предмет кој треба да се одржи по празниците, а во чиј судечки совет е поротничката Кочовска, е „ТНТ", закажан за 13 јануари.

Судијката поротник Лилјана Ивановска Кочовска е дел од судечкиот совет во предметите „ТНТ", „Титаник", „Талир" и „Монструм".

Адвокатот Мерџан Даути, на судењето за „ТНТ" на 24 декември минатата година посочи дека има доставено поднесок и за судијата поротник Марија Кондовска, за тоа што навршува 60 години и и престанува функцијата по сила на закон.

Основниот кривичен суд, истиот ден, ја објави интегрално и иницијатива поднесена од судијата Владимир Туфегџиќ, за измени и дополнување на Законот за кривична постапка, со цел да се спречи непотребното одолговлекување на судските рочишта при промена на член на судечкиот совет, при што некои се враќаат и на почеток.

На 31 декември 2019 година, Основниот кривичен суд во Скопје, информираше дека заради ефикасност на постапката на предметот „ТНТ" кој е во завршна фаза, надлежниот судечки совет определил нови термини за продолжување на расправата и тоа за 13, 14, 15 и 16 – ти јануари 2020 година, како и на 17, 20, 21, 22, 23, 24 и 27 јануари 2020 година.

Најостра осуда на нападите врз независноста на судството стигна и од Здружението на судиите, кое ги повикува надлежните институции да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото и целосното функционирање на правната држава.

Од Здружението на судии ги осудуваат сите видови опструкција на правдата, повикувајќи ги сите надлежни институции во рамки на нивните надлежности да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото и целосното функционирање на правната држава./МИА

Градоначалникот на Лондон на удар на јавноста и тоа поради зеленото одело (ФОТО)

Исто како што британскиот премиер Риши Сунак беше принуден да се извини што носел патикина Адидас, градоначалникот на Лондон Садик Кан е на удар на критики за носење одело што многу Британци го носат кога се поканети на свадба.

Градоначалникот на Лондон покажа одлична фигура на насловната страница на „Evening Standard“ во зелен ленен дводелен костум на брендот „Percival“, пишува Independent.

Но, опуштената силуета на градоначалникот го привлече вниманието на лондончани не само поради летната боја, објави Индипендент.

Многу корисници на социјалните мрежи признаа дека го имаат истиот костум „Percival“ во нивните плакари за специјални прилики и се пошегуваа дека одлуката на Кан не била воопшто кул и дека им ги уништила плановите да го носат кога ќе бидат поканети на свадба.

Негодувањето поради облеката на градоначалникот на Лондон доаѓа откако Риши Сунак се соочи со брутални критики од обожавателите на самбите на Адидас, кои го обвинија дека ги „уништил“ кога ги носел на прес-конференција.

По негодувањето на социјалните мрежи од навивачка група на Адидас, Сунак ѝ се извини на заедницата на Самбас, но во своја одбрана рече дека неколку години носи патики на Адидас, вклучувајќи ги Самбас и други.

Бизарна свадба во САД: Сите гледаат во „жената- мачка“ наместо во невестата (ВИДЕО)

Мистик Морис (24) тврди дека нејзината свадба била „речиси уништена“ кога на имотот, каде што била организирана прославата, се појавила жена облечена како мачка.

Кога се приближувала до олтарот, сфатила дека гостите не гледаат во неа, туку во необична фигура која се движела на раце и колена, блиску до блиското езеро.

„Бев фрустрирана што луѓето наместо мене гледаа во неа. Еднаш се мажам“, изјавила Мистик од Оклахома Сити.

Инаку, на имотот се појавила жена која се идентификува како мачка (популарни териани), пишува New York Post.

Близок пријател на невестата ги раскажа деталите.

„Церемонијата започна, а потоа таа личност стана. Отпрвин мислев дека е крава, но не бев во право. Беше доцна да се запре невестата“, објаснила Ејми Вајт.

Ејми додава дека „мачорката“ се доближила, откако младенците го кажале судбоносното „да“ и - им се поклонила.

„По аплаузот, сите отидоа до езерото да ја фотографираат“, рече таа.

@xxshadowslightxx she looked so beautiful tho 🥰 @Mistique 🫣 #weddingstorytime #weddingtiktok #wedding #fypシ #fyp #furrytiktok ♬ Confidence (sped up version) - Ocean Alley

Фотографот кој бил ангажиран да ја фотографира венчавката, за среќа, го оставил „непоканетиот гостин“ надвор од кадар.

„Тоа беше фантастичен ден. За други работи ќе зборуваме подоцна“, заклучила Мистик.

Борел-Вархеји: Изборите поминаа во мирна и демократска атмосфера

Изборите поминаа во мирна и демократска атмосфера, но изборниот процес останува недоволно регулиран.

Според прелиминарните наоди и заклучоци на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), претседателските и парламентарни избори кои се случија на 8 мај поминаа во мирна и демократска атмосфера, се вели во заедничката изјава на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Борел и Вархеји, во заедничката изјава, велат изборите биле конкурентни со почитување на основните слободи, но посочуваат дека изборниот процес и понатаму останува недоволно регулиран.

– ЕУ и честита на претседателката Силјановска-Давкова за изборот и со нетрпение очекува да работи со новиот претседател, првата жена шеф на државата во Македонија. Ги охрабруваме релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада. Двете институции треба да работат заедно за да го унапредат патот на Македонија кон ЕУ, вклучително и со спроведување клучни реформи особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани, се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

Посочуваат дека Северна Македонија направи одлучувачки чекори во процесот на пристапување во ЕУ и сега ќе биде важно да се имплементираат преостанатите обврски неопходни за отворање на првиот кластер во процесот на пристапување.

– ЕУ и Македонија споделуваат силно партнерство. Земјата целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и очекуваме нашата соработка да продолжи и понатаму да се развива, се наведува во соопштението.

Европската унија забележува дека заедничката меѓународна набљудувачка мисија на изборите од ОДИХР и ОБСЕ, Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа, двојните избори ги окарактеризира како конкурентни, со почитување на основните слободи.

– Иако законската изборна рамка ја постави основата за демократски избори, некои одредби не беа во согласност со меѓународните стандарди, во однос на еднаков пристап до медиумите, одговорност за државното финансирање и пристап до правна заштита. Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР, велат од Европската служба за надворешни работи.

Откако Меѓународната мисија за набљудување на изборите ќе ги издаде своите конечни препораки за идните избори, Европската унија очекува сите политички актери, релевантни институции и засегнати страни да ја покажат својата посветеност за зајакнување на демократијата преку заедничка работа за да ги спроведат тие препораки брзо и многу пред следните избори. /МИА

притисни ентер