Проговори новата девојка на Леонардо ДиКаприо: ,, Се запознавме кога имав десет години”

Леонардо ди Каприо , кој има 44 години од декември 2017 е во врска со 22 годишната манекенка Камила Мороне.

Камила за прв пат се биде да проговори за нивната врска, по бројните коментари дека актерот е двојно постар од неа. Таа открива дека ги запознал нејзиниот очув , славниот актер Ал Пачино , кога таа имала само десет години. Таа на Инстаграм објави фотографија од Лорен Бекол и Хемфри Богарт , меѓу кои имало 25 години разлика.

A love like this

A post shared by Camila Morrone (@camilamorrone) on

По тоа , следуваа бројни коментари од фановите на Камила , кои и порачаа дека Леонардо ќе ја остави кога ќе наполни 25 години и дека сега го сака само нејзииното младо тело.

Камила им одговори :,, Само што прочитав некои коментари на мојот Инстаграм...Боже мој , луѓето се злобни и полни со гнев кон луѓето за кои не знаат ништо. Се надевам дека ќе научат да живеат со помалку омраза. “ , напиша убавата манекенка.

Но , според статистиките , фановите на Камила не се далеку од вистината. Постои дури и графикон кој покажува дека Леонардо ди Каприо никогаш немал постара девојка од 25 години, иако тој старее.

Просекот на староста на девојките од списокот на холивудскиот актер се движи околу 22 години.

Фоден: Горд сум на наградата фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден ги искажа впечатоците по добивањето на наградата за најдобар играч во сезоната 2023/24 во англискиот шампионат.

- Добивањето на оваа награда е достигнување на кое сум исклучително горд. Англиската Премиер лига е препознаена како најдобра лига во светот и среќен сум што сум номиниран заедно со многу други одлични играчи кои имаа посебни сезони во своите клубови. Би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал на Сити, тренерите и особено на моите соиграчи, бидејќи без нив тоа немаше да биде возможно, изјави Фоден на официјалната веб-страница на „Граѓаните“.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Трансфермаркт го проценува Фоден на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година. /МИА

Чави за Барселона: Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот

 Тренерот на Барселона, Чави проговори за расположението во кое работи во Барселона.

Претходно беше објавено дека претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта решил да ја прекине соработката со тренерот на крајот од сезоната.

- Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот. Критиката ме тера да се подобрам. Ништо не се менува кај мене. Нестрплив сум да покажам дека можеме да продолжиме да бидеме конкурентни. Оваа сезона не беше успешна за нас, но убеден сум дека во иднина се може да излезе добро, изјави Чави.

Барселона утревечер од 19 часот го пречекува Рајо Ваљекано.

На две кола до крајот на сезоната во шпанската Ла Лига, Барселона се наоѓа на второто место со 79 бода, далеку зад лидерот Реал Мадрид кој има 93./МИА

Шолц ги посети поплавените региони во југозападниот дел на Германија

 Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.

Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.

Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.

„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.

Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.

Неколку згради во градот се евакуирани бидејќи куќи и подруми се поплавени. Автомобилите беа делумно потопени, а улиците се наполнија со вода.

Градот воспостави алтернативно сместување во училиштата и телефонска линија за погодените од поплавите.

Засега нема информации за точниот обем на штетата, ниту пак пријавени жртви.

Повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар наврнаа во Сар за помалку од 24 часа, според вчера објавените податоци на германската метеоролошка служба. /МИА

притисни ентер