Потребни состојки : 500 гр. кори, 500 гр. свинско мелено месо, 2 главици кромид, 1 зелена пиперка, ½ луто пиперче, 400 гр. златна мешавина, малку масло, малку лук, малку зачин од сув зеленчук, малку оригано и малку бибер.
Постапка:
Во тава со загреано масло за пропржува: ситно сечкан кромид, сечкана пиперка, луто пиперче и малку лук.
Потоа се додава мелено месо и се продолжува со пржењето неколку минути.
Откако месото ќе се пропржи се додава златна мешавина и се зачинува со малку зачин од сув зеленчук, малку оригано и малку бибер.
Со добиената смеса се филуваат кори и се формираат ролни.
Ролните се пржат во тава со загреано масло на помала температура.