Промовиран Документ за јавни политики за непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на локално ниво

Форум – Центар за стратешки истражувања и документација (ЦСИД) од Скопје поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, денеска го промовираше „Документот за јавни политики за непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на локално ниво".

– Документот е креиран врз основа на истражување за користењето на формите за непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на локално ниво, кое Форум ЦСИД го спроведе во соработка со локални партнери од седум плански региони во рамки на активноста „Активни граѓани за добро владеење", информираат од невладината организација.

Поголемиот дел од локалните партнери се соочиле со проблемот на демотивација за активизам или недоволна верба во можноста граѓаните да влијаат на одлуките на властите. Причината за оваа појава, според партнерите на ЦСИД, се законскиот одредби со кои е пропишан висок процент на потпишани граѓани за поддршка на граѓански иницијативи и други облици на непосредно одлучување на локално ниво.

Токму заради овие причини, Документот за јавни политики на ЦСИД содржи јасни препораки за поголемо и непосредно учество на граѓаните во одлучувањето, меѓу кои се: намалување на цензусот за распишување референдум на локално ниво на најмногу 10 отсто од регистрираните гласачи од локалната единица; намалување на цензусот или воопшто да не е потребен цензус за да некој референдум биде прогласен за успешен; оставање на можност за собирање на потписи за иницирање собири на граѓани преку користење на обрасци добиени од ДИК, но без обврска на граѓаните да одат во подрачна единица на ДИК, туку потписите да ги собираат лица овластени од иницијаторите.

Освен овие ЦСИД препорачува спроведување на нов попис, кој ќе го покаже реалниот број на населението, како и поттикнување на свеста и потребата од перманентен граѓански ангажман по принципот на солидарност со секој ангажман што во себе содржи разумна цел.

-Проектот на УСАИД за граѓанско учество преку тригодишна соработка ја поддржува граѓанската организација Форум ЦСИД преку проектот „Активни граѓани за добро владеење" кој се стреми да ги информира и поттикне граѓаните да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво за што беа организирани обуки во сите плански региони. Форум ЦСИД од Скопје е посветена на истражување на стратегиските аспекти и политички решенија на актуелни и иновативни национални, регионални и европски прашања, информираат од невладината органзиација Форум-ЦСИД. /МИА

Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили

Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА.

- Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили.

Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“.

Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна.

Ристески: Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, особен фокус во работењето ќе стави на правосудниот систем и борбата против корупцијата.

Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт. Ќе спроведеме политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизацијата и кронизмот. Кандидатите за судии и кандидатите за претседатели на судовите ќе се рангираат по законски критериуми. Ќе ги регулираме и постапките за преземање и префрлање на судиите во другите судови.

Предвидуваме нова програма за испитување на исполнетоста на условите на професионалните и образовните критериуми за избор на судии. Ќе спроведеме целосна ревизија на приемот на кадидати на Академијата за судии и јавни обвинители.

Предвидуваме распуштање и целосна реформа на судскиот совет кој се покажа досега како ранлив од надворешни влијанија.

Ќе следува проверка на имотот на судиите и обвинителите.

Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво за што ќе биде формирано владино координативно тело против корупцијата, а преку реформи ќе имаме силен и ефикасен државен завод за ревизија. Ќе воведеме механизам преку кој ќе има зголемени санкции против функционерите, а преку посебна мерка ќе имаме нула корупција во јавните набавки.

Почитувани, ова се само мал дел од проектите за подобар правосуден систем и борба против корупцијата. На 8-ми мај, со заокружување на број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, ќе ставиме крај на хаосот и безредието кој владата предводена од СДС и ДУИ ги остави. Број 2 за достоинствена и горда Македонија.

Прес конференција на кандидатот за пратеник Петар Ристески.

Кливленд го оствари најголемиот камбек во „мајсторка“ од НБА плејофот по 1997 година

 Екипата на Кливленд кавалирс имаше негатива од 18 поени во првото полувреме од седмиот натпревар од нивната плејоф серија со Орландо меџик.

Кливленд губеше 31:49 на 4 минути до крајот на втората четвртина, но успеа да ја надмине негативата и да го добие натпреварот со резултат 106:94.

Кавалирс го направија најголемото враќање во седми натпревар од плејоф серија на најсилната кошаркарска лига на светот по 1997 година.

Тимот предводен од тренерот Џеј Би Бикерстаф се пласираше во второто коло од плејофот за прв пат од 2019 година.

Во четвртфиналето од разигрувањето за шампионскиот трофеј, ривал на Кливленд ќе биде тимот на Бостон селтикс.

притисни ентер