Прва книжевна работилница на ДПМ од утре до 30 септември во Струга

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од утре до 30 септември во Струга првпат организира книжевна работилница, насловена „Ракувања“, со мото „Почит, толеранција, соработка и хуманост“.

Учесници на првата книжевна работилница ќе бидат поетите Стојан Тарапуза, Елена Пренџова, Кире Неделковски, Делвина Керлуку и Борче Панов.

- Поетите ќе создаваат во Центарот за едукација и рекреација „Солферино“, на брегот на Охридското Езеро, а потоа во Домот на културата во Струга, со учество на членовите на ДПМ од овој регион, ќе имаат заедничка литературна средба, соопшти ДПМ.

Овој проект на Друштвото на писателите на Македонија се организира во соработка со Црвениот крст на Република Македонија. /МИА

Се судрија патнички и товарен воз во тунел во Белград, има повредени

Започна извлекувањето на повредените во судирот во подземниот тунел во Белград, јавува репортерот на Телеграф од местото на настанот.

На терен се три екипи на брза помош, пожарникари и полиција, јавува Телеграф.

Пожарникарите со носилки се упатиле кон тунелот, бидејќи до судирот дошло на 400 метри во внатрешноста на тунелот.

Има неколку повредени, меѓу нив машиновозач и кондуктерката.

Ужасна снимка од напад на ајкула- се слушаат и врисоци под вода (ВИДЕО)

Следното видео кружи низ мрежите веќе неколку години, а го објави Ден Вајт, кој своевремено тренирал како нуркач на брегот на Египет.

Повеќе нуркачи се придружиле на неговата група, што доведе до промена во однесувањето на ајкулите што кружат во близина.

Отпрвин немало никакви проблеми, а Вајт ужива во друштво на океански белоперки. И тогаш една од нив решила поблиску да ги истражи „непоканетите гости“.

„Три пати се нафрли на мојот колега, а потоа му пријде германски нуркач. За жал, не успеале да ги следат нејзините движења. „Штом доби прилика, го дофати за ногата“, рече Вајт.

Додека ги заривала острите заби, се слуша крикот на несреќниот маж, што го прави видеото уште повознемирувачко.

За среќа, ајкулата се оддалечи и повеќе не нападна, бидејќи којзнае како сѐ би завршило на 10 метри длабочина.

На несреќниот човек му била укажана помош на брегот, а ногата му била во прилично лоша состојба, изгризана до коска.

Веднаш му биле дадени лекови против болки, додека раната била преврзана. По некое чудо, не морала да му биде ампутирана, пренесува LadBible.

Орбан: Претпоставките за врската на атентатот врз Фицо и војната во Украина се оправдани

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека е оправдано да се претпоставува дека има поврзаност меѓу атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо и војната во Украина.

Орбан рече дека „малку земји зборувале со гласот на мирот, освен неодамна Унгарија, Ватикан и Словачка“ и додаде дека „силните центри на моќ имаат интерес да ја продолжат војната“ во Украина, пренесува МТИ.

Унгарскиот премиер рече дека „сигурно е дека напаѓачот бил левичар и провоен“ и оти затоа претпоставките за поврзаноста меѓу атентатот и војната „не се неоправдани“ бидејќи, како што оцени, „постојат големи сили зад политичарите кои се за војна“.

„Оние кои се за мир не смеат да се плашат и мора да се соочат со империјата на Сорос и, доколку е потребно, со американската надворешна политика и мора јасно да кажат дека во интерес на Европа е страните да се вратат на преговарачка маса“, рече Орбан.

притисни ентер