Прва жртва на коронавирусот во Унгарија , уште осум во Холандија

Унгарија го забележа  првиот смртен случај од  коронавирус, а другите земји продолжуваат да ги спроведуваат строгите мерки за пандемија.

Според податоците од 14:30 часот по средноевропско време, во светот починале 6036 луѓе , а 159.844 се заразени.

Центарот за информации на унгарската влада денеска објави дека 75-годишен маж , кој бил хоспитализиран во Будимпешта со симптоми на инфекција и пневмонија починал од коронавирус, објави унгарскиот МТИ. Според универзитетот Џон Хопкинс, потврдени се 30 луѓе заболени во земјата, од кои еден закрепнувал.

Словенија ја потврди својата прва жртва на коронавирус во саботата, и тоа во дом за пензионери. Словенечките власти деенска објавија дека бројот на заразени со коронавирус се искачил на 219 до 14 часот, од 38 претходниот ден. Досега се тестирани вкупно 6156 лица и бројот на заразени мажи и жени е скоро еднаков. Најзаразени се од возрасната група 30-49 години, објави владата.

Во Шпанија, која е по Италија најпогодената земја од коронавирусот во Европа, во последните 24 часа се регистрирани околу 2000 новозаболени, со околу 100 починати , соопштија денеска шпанските власти, пренесе АФП. Потврдени се вкупно 7753 случаи, а 288 лица починале. Земјата е во карантин за да го задуши ширењето на вирусот.

Холандија денеска пријави уште осум смртни случаи од коронавирус, а сега има 20 во земјата, пренесува Ројтерс. Холандскиот Национален институт за јавно здравје објави дека бројот на заразени лица е зголемен за 176 и изнесува 1135.

Грција ја потврди четвртата жртва од коронавирус во неделата, 53-годишен маж, кој е најмладата жртва во земјата. Сите починати претходно страдале од хронични заболувања, соопштија властите.

Грчкиот олимписки комитет денеска објави дека Олимпискиот пламен на церемонијата за Олимписките игри во 2020 година во Токио ќе се одржи во четврток пред празен атински стадион заради коронавирусот .

Претседателката на Словачка по атентатот врз Фицо: Ова е напад и врз демократијата (ВИДЕО)

Словачката претседателка Зузана Чапутова одржува вонредна медиумска конференција по атентатот на премиерот Роберт Фицо.

„Физичкиот напад врз премиерот е пред сѐ напад врз човек, но и врз демократијата“, рече претседателката на почетокот на својот говор.

Таа апелираше до сите да се со мислите за што поскоро опоравување на Роберт Фицо.

Таа претходно го осуди „бруталниот и безмилосен“ обид за атентат врз премиерот Роберт Фицо.

Да потсетиме, Фицо беше ранет попладнево пред Центарот за култура во градот Хандлова.

Напаѓачот веднаш бил совладан и уапсен.

Словачката претседателка по атентатот врз Фицо: Шокирани сме (ВИДЕО)

Роберт Фицо, популистички лидер обвинет дека е пријател на Кремљ, е премиер на Словачка од минатата година.

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска беше застрелан повеќекратно и итно беше пренесен во болница со опасни по живот повреди по состанокот на владата, соопштија официјални лица, во нападот што го осудија шефовите на ЕУ, објави НДТВ.

Фицо, популистички лидер обвинет дека е пријател на Кремљ, е премиер од минатата година.

„Денеска, по владиниот состанок во Хандлова, имаше обид за атентат врз премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо“, се вели во објавата на владата на социјалните мрежи.

„Тој во моментов се транспортира со хеликоптер во Банска Бистрица во животно загрозувачка состојба, бидејќи би траело предолго за да се стигне до Братислава поради потребата од итна интервенција“, се вели во соопштението.

Фицо беше застрелан повеќе пати, се вели во објава на неговата официјална страница на Фејсбук.

„Го потврдуваме нападот врз премиерот“, изјави за AFP портпаролот на полицијата Матеј Нојман.

Директорката на локалната болница Хандлова, Марта Екхардтова, рече дека „Фицо беше донесен во нашата болница и тој е лекуван во нашата клиника за васкуларна хирургија“.

Таа не можеше да ги опише неговите повреди.

Дневниот весник „Денник Н“ објави дека неговиот репортер слушнал неколку истрели и потоа видел како телохранителите го подигнале премиерот од земја и влегле во автомобил.

Весникот објави и дека полицијата го привела осомничениот вооружен напаѓач.

Словачката претседателка Зузана Чапутова рече дека е „целосно шокирана од денешниот брутален и непромислен напад врз премиерот на Словачка... што го осудувам со најсилни можни зборови“.

„Му посакувам многу сила во овој критичен момент и рано закрепнување“, објави таа на X, поранешен Твитер.

И чешкиот премиер Петр Фиала веста за нападот ја нарече „шокантна“.

„Се надевам дека премиерот ќе оздрави што е можно побрзо. Не смееме да толерираме насилство, тоа не смее да има место во општеството“, објави тој на Х.

Полскиот премиер Доналд Туск рече: „Роберт, моите мисли се со тебе во овој многу тежок момент“.

Како и неговиот сегашен мандат како премиер, Фицо ја предводеше владата и во 2006-10 и 2012-18 година.

Откако беше избран минатиот октомври, Фицо даде низа забелешки кои ги влошија врските меѓу Словачка и соседна Украина.

Тој особено го доведе во прашање суверенитетот на Украина и повика на компромис со Русија.

Тој, исто така, предизвика масовни протести со контроверзните измени, вклучително и законот за медиуми за кој критичарите велат дека ќе ја поткопа непристрасноста на јавната телевизија и радио.

На прес-конференцијата по пукањето, пратеникот Лубош Блаха од партијата Смер на Фицо ги нападна неговите критичари.

„Вие, либералните медиуми и прогресивните политичари сте виновни. Роберт Фицо се бори за живот поради вашата омраза“, рече Блаха.

Бајден го повика Трамп на ТВ дуел

„Доналд Трамп изгуби две дебати од мене во 2020 година, и оттогаш не се појави на дебата.“

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека нема да учествува на долгогодишната традиција за три есенски изборни соочувања со противкандидатот на претседателските избори организирани од двопартиската Комисија за претседателски дебати, но го покани републиканскиот ривал Доналд Трамп да одржат две претседателски телевизиски дебати во јуни и септември.

Бајден повика на директни преговори меѓу двата изборни штаба за правилата што ќе важат за време на тет-а-тет средбите, а тој исто така предложи и посебна потпретседателска дебата во јули, објави „Вашингтон пост“.

„Доналд Трамп изгуби две дебати од мене во 2020 година, и оттогаш не се појави на дебата. Сега се однесува како да сака повторно да дебатира со мене. Па, разубави ми го денот, пријателе. Ќе го направам тоа дури двапати. Ајде да ги избереме датумите, Доналд, слушам дека си слободен во среда“, рече Бајден во видео пораката. /МИА

притисни ентер