Прво рочиште за случајот „Шпански скали“- Јанакиески се изјасни за невин

“Не се чувствувам виновен и ќе се бранам активно” – кажа екс минситерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешното прво рочиште за случајот “Шпански скали”. 

“Не се чувствувам виновен и ќе се бранам активно” – кажа екс минситерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешното прво рочиште за случајот “Шпански скали”. Откако и останатите десетмина обвинети се изјаснија за невини , процесот продолжи со воведни говори. Јавната обвинителка Ивана Трајчева го образложи обвинеието, според кое државата со незаконската продажба на државно земјиште на Плоштадот Македонија е оштетена за 2.6 милиони евра.

“ Сите договори – четири - си имаат своја вредност и секој од нив е конкретно наведен во обвенението и тоа поделени се колкава е точно вредноста на самото земјиште од секој од склучените договори, а колкава е договорната казна . Од првиот договор 2010 до денеска се поминати 10 години, земјиштата се отуѓени и префрлени се на приватни физички и на правни лица, ниту се изградени, ниту се започнати градбите на објетктие, ниту е наплатена договорната казна.”, вели Ивана Трајчева – Јавен обвинител.

Јанакиески во својот воведен говор кажа дека 4-те договори за купопродажба на парцелите на Плоштадот Македонија за изградба на барокна зграда и скали е возможно да се раскинат, а се пожали и дека во случајот “Сончев Град” е обвинет оти ги раскинал договорите.

„Состојбата на договорите за кои сум обвинет дека не сум ги раскинал е иста до денеска. А обвинет сум само јас. Двајца министри после мене не се обвинети, не е обвинет ни градоначалникот на Општина Центар, иако обвинението се однесува и на периодот по моето заминување од функцијата во 2015 година. За овој случај сум една година во притвор. СЈО постапуваше по овој предмет, не најде основ за поведување на истрага“, истакна Миле Јанакиески – Поранешен министер за транспорт и врски.

Адвокатот Тони Менкиноски по рочиштето кажа дека обвинението е паушално, а дел од обвинетите не знаат ни зошто се обвинети.

Актуелниот градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ за Канал 5 вели дека со самото тоа што веќе се водат постапки значи дека општината постапила, но се чека одлука на судот.

“Од кога е преземено земјиштето од страна на о.Центар, а информиран сум дека и претходно откако се преземени чекори од Министерството за транспорт и врски ние сме постапиле според сите законски обврски кои ги има во самиот договор , а тоа е дека на одредени договори сме активирале гаранции, некаде сме поднеле барање за еднострано раскинување, но сепак крајниот збор го има судот, но битното е дека општината ги преземала сите мерки.”,вели Саша Богдановиќ – Градоначалник на о.Центар.

Еден од четирите договори е проектот за Шпанските скали кои требаше да бидат изградени на парцелата каде што сега се наоѓа новиот тревник на плоштадот.

Антонов: Вежбите со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика

 Претстојните вежби со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

-Ова е принудна мерка како одговор на арогантната и агресивна политика на колективниот Запад, кој создава неприфатливи безбедносни закани за Русија и нејзините граѓани, рече Антонов, пренесен од руските медиуми.

Амбасадорот додаде дека САД и нивните сојузници се повеќе ја снабдуваат Украина со смртоносно оружје, што украинските сили можат да го користат за да извршат напади на руска територија.

Генералштабот на руските вооружени сили започна со подготовки за вежби за употреба на нестратегиско нуклеарно оружје, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

Маневрите ќе се одржат во блиска иднина и во нив ќе учествуваат и воздухопловните сили и морнарицата. Цел на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, соопшти руското Министерство.

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

 Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.

Меѓуградскиот автобус сообраќал на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.

Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.

Државната телевизија објави дека повредените, од кои некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

Најмалку 10 загинати или повредени во напад во болница во Кина

Неколку лица се убиени или повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА, повикувајќи се на кинеската агенција Ксинхуа.

ДПА пренесе дека во нападот имало најмалку 10 жртви, но првично не било јасно колку се повредени, а колку загинале.

Во првичните извештаи од настанот немало информации за осомничениот сторител.

Според Ксинхуа, нападот се случил во раните попладневни часови во болница лоцирана во провинцијата Џенксионг во јужната кинеска провинција Сечуан.

На кинеската социјална мрежа Веибо, слична на X, корисниците споделуваа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

притисни ентер