Путин и Ердоган загрижени за ескалацијата на судирите во Сирија

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган изразија загриженост за ескалацијата на конфликтот во северозападна Сирија, откако турските воени сили претрпеа големи жртви во воздушните напади од страна на сириската војскa.

Откако турската страна претрпе најголеми загуби во вчерашниот напад од почетокот на интервенцијата во Сирија во 2016 година, Анкара ја повика меѓународната заедница за помош, заканувајќи се со нов прилив на бегалци во Европа.

Во областа Идлиб, 33 турски војници загинаа во напад на сириските сили, а како што објави Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР), Турција се одмаздила, при што загинале 16 сириски војници.

Поради тежината на ситуацијата, Путин и Ердоган во телефонскиот разговор изразиле „сериозна загриженост“ за ситуацијата во Идлиб и рекле дека ќе разгледаат одржување на нов заеднички самит.

„Двете страни ја истакнаа потребата да се преземат дополнителни мерки за нормализирање на ситуацијата во северозападна Сирија“, се вели во соопштението на Кремљ.

Поради влошената хуманитарна состојба во пресрет на сириската офанзива, со стотици цивили убиени и скоро милион раселени во последните месеци, Европската унија е загрижена за можен голем меѓународен воен конфликт во Сирија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги повика Русија и Сирија да ја запрат офанзивата на Идлиб, посочувајќи дека воениот сојуз е солидарна со својата членка Турција, која изгуби 33 војници во воздушниот напад на сириските сили.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази сочувство до Турција поради загубата на војниците и рече дека Москва ќе стори сé за да ја гарантира нивната безбедност.

Претходно, рускиот министер за одбрана изјави дека турските војници биле убиени затоа што биле „меѓу борбените единици на терористичките групи“.

Ердоган се уште не се изјасни за нападот, но турскиот печат пишуваше за шок и гнев, а некои медиуми блиски до властите повикаа на „одмазда“.

Покрај разговорите со Путин, Ердоган, како што објави турската страна, ќе разговара и со лидерите на САД, Велика Британија, Франција и Германија.

Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. 

Елегантни моторџии облечени во палто, елек и вратоврска денеска по деветти пат како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlmens Ride“ ќе дефилираат низ скопските улици со цел да ја подигнат свеста за машкото здравје и превенцијата од рак на простатата.

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. Организаторите најавуваат учесници и од останатите градови од државата и гости од Косово. Меѓу нив има доктори, професори, личности од јавниот живот кои, како и секоја година, ќе донираат средства за фондацијата „Мовембер“ во Лондон за борба против рак на простатата.

„The Distinguished Gentlmens Ride“ годинава се одржува во 959 градови низ светот. Учествуваат 90.000 мотоцикли од 105 држави.

Скопје е дел од ова движење од 2016 година. Досега учествувале 1.172 учесници, а собрани се 18.836 евра.

Глобалното движење почна на иницијатива на Марк Хава во 2012 година во Сиднеј кога тој заедно со своите пријатели продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простатата. Оттогаш движењето станува помасовно секоја година. Од основањето на „The Distinguished Gentlmens Ride“ досега собрани се 50,2 милиони долари на светско ниво кои се донираат во институции и болници кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и борбата против рак на простатата. /МИА

Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

Телата на четворица мигранти се пронајдени во близина на брегот на Тунис, а крајбрежната стража во посебна операција спасила 52 лица, соопшти Националната гарда.

Се додава дека гардата уапсила девет шверцери и ги запленила чамците.

Најмалку 23 туниски мигранти исчезнале откако со чамец се упатиле кон Италија, соопшти претходно Националната гарда.

Тунис се соочува со миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и Блискиот Исток во потрага по побезбеден живот во Европа. /МИА

Одбележување на Светскиот ден на семејниот лекар - 19 Мај

Под мотото „Здрава планета, здрави луѓе“ денеска се одбележува 19 Мај - Светскиот ден на семејниот лекар.

Здружението на лекари по општа медицина - семејна медицина (ЗЛОМ СМ), информира дека за таа цел во Градскиот парк во Скопје денеска од 11 до 14 часот граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок, гликемија и пикфлоуметрија. Специјалистите по семејна медицина ќе даваат совети за здрави животни навики.

Предвидена е и прес-конференција за медиумите.

притисни ентер