Путин на средба со Лукашенко: Забележан е напредок во преговорите со Украина

Русија ги прошири воените дејствија и на западот од Украина.

Прв пат од почетокот на операциите, мета беа западните градови Луцк и Ивано-Франковск, а воздушни напади се изведени и на истопчниот град Днипро. Москва соопшти дека во двата западни градови се онеспособени два украински воени аеродроми. Загинати се неколкумина војници и цивили.

Најнеизвесна и натаму е состојбата во јужниот пристанишен град Мариупол, каде според локалните власти, 430 илјади жители се соочуваат со глад, а починале околу 1.200 луѓе. Западните медиуми објавија вознемирувачки видео снимки од погребување во масовни гробници, додека единствен извор за вода се неколку локални бунари.

-Имам 9 деца. Молете се за Мариупол. Не бомбардираат од сите страни. , вели Татиана Бондар, жителка на Мариупол.

-Телата се закопуваат во дворовите од зградите. Страшно е, ова не е живот. , вели Тетиана Николенко, жителка на Мариупол.

Прв пат од почетокот на војната, Путин на денешната средба со белорускиот колега Лукашенко во Москва оцени дека во преговорите со Киев има одредени позитивни поместувања и дека разговори има на дневна основа. Неколку часа претходно, пак, на состанокот на рускиот Совет за безбедност, Путин даде зелено светло на предлогот 16 илјади доброволци од Блискиот Исток да се борат на страната на проруските сепаратисти во Луганск и Доњецк. Паралелно со изјавата, руските медиуми објавија и видео снимка, на која наводно стотици сиријци се подготвени да тргнат кон Украина.

-Затоа, ако видите дека има луѓе кои сакаат на доброволна основа, особено не за пари, да дојдат да им помогнат на луѓето што живеат во Донбас, тогаш, треба да им излете во пресрет ги да им помогнете да се преселат во воената зона. , вели Владимир Путин, претседател на Русија.

Украинскиот претседател Зеленски во видео обраќање, пак, ги отфрли тврдењата на Москва дека со американска поддршка во Украина се развива биолошко оружје. Ја обвини Русија, дека со таквите изјави, поставува основа таа да употреби хемиски напад.

-Ако сакате да дознаете што планира Русија, тогаш треба да погледнете за што ги обвинува Русија другите. Јас сум претседател на пристојна земја и нација, татко сум на две деца. Никакво хемиско или друго оружје за масовно уништување не се развива во нашата земја. , вели Володомир Зеленски, претседател на Украина.

Обединетите Нации денеска соопштија дека досега Украина ја напуштиле повеќе од два и пол милиони луѓе.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер