Рама гарантира дека со мигрантите нема можност за влез и на терористи

 Албанскиот премиер Еди Рама продолжува да дава појаснувања за италијанските медиуми околу прашањето за имигрантите кои од Италија ќе бидат трансферирани во прифатни центри во неговата земја.

Во интервју за „Кориере дела сера“ одговора на критичките гласини дека меѓу бегалците може да има и терористи.

- За да се гарантира максимална безбедност, вели тој, имигрантите ќе поминат низ филтерот на безбедносните агенции на двете земји. - Нема причина да се плашиме. Едноставно мораме да имаме волја и грижа да ја исполниме оваа заложба со почитување на човечкото достоинство и правилата утврдени за функционирање на оваа заедничка операција, кои вклучуваат и контрола од безбедносните агенции на двете земји, појасни Рама.

Додека Европа се соочува со огромен бран имигранти, шефот на албанската Влада посочува дека немало слично барање од други земји од ЕУ, но и доколку имало, гарантира дека одговорот секогаш ќе бил негативен.

- Не сме контактирани и нема да бидеме отворени за никакви барања, исто како што не бевме отворени за слични барања пред да пристигне барањето од Италија. Во Рим не можевме да кажеме „не“ бидејќи имаме долг на благодарност што никогаш нема да можеме да го вратиме и никогаш не смееме да го заборавиме, потанцира премиерот на Албанија.

Според него благодарноста кон Италија е за прифаќањето на илјадници албански граѓани по падот на тоталитарниот режим, кога земјата ја зафати масовен егзодус.

Спогодбата потпишана меѓу двајцата премиери Рама и Џорџа Мелони се очекува да помине на ратификација во албанскиот парламент, а потоа да почне да се применува од пролетта 2024 година.

Ќе профункционираат два прифатни центри каде месечно ќе бидат сместување по три илјади, а годишно 36 илјади мигранти, за што сите трошоци ќе ги сноси италијанската страна.

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

Уште пет дена за претставување на предизборните програми и политички понуди

Денеска,е последен ден за објавување на резултати од анкети поврзани со учесниците во изборниот процес. 

Кандидатите за претседател на државата, партиите и коалициите имаат уште пет дена за претставување на своите програми и политички понуди пред граѓаните, во пресрет на двојните избори на 8 мај. Кампањата за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ.

На 30 април заврши пријавувањето за гласање на болните и немоќните лица, а до 4 мај на полноќ тоа треба да го сторат и избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор. Тие заедно со лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор, како и пријавените од дијаспората гласаат ден пред изборниот ден, на 7 мај.

притисни ентер