Расте притисокот во јавноста за корегирање на покачувањето на струјата

За првиот човек на регулаторната комисија Марко Бислимовски, паушлани се обвинувањата дека новата цена на струјата ќе предизвика инфлација или ценовен шок.

Тој во изјава за Канал 5, вели вели дека регулаторната со последната одлука за поскапување за 7,4% не им обезбедила екстра профит на електро-енергетските компании, туку напротив ги заштитила граѓаните од повисоки сметки.

Доколку се прифатеа нивните брања цената за електричната енергија требаше да порасне за 25 проценти, но заради земање на дополнително остварени приходи, а не оставени кај компаниите и заради не признавање на трошоци за нови вработувања и било какви други екстра трошоци дојдовме до оваа одлука до која што дојдовме.

Од регулаторна ја објавија структурата при определување на трошоци за електрична енергија за крајните потрошувачи на пазарот. Вкупните трошоци се пресметани на речиси 295 милиони евра. Најголеми ставки се за купување на електричната енергија од ЕСМ, околу 124 милиони евра, додека пак за дистрибуцијата на струјата признати се трошоци во висина од 105 милиони евра. За пренос, трошоците се одредени на 10 милиони евра, а 21 милион ќе одат кај повластените производители.. На компаниите одобрена им е маржа во висина од 30 милиони евра..

Експертот за енергетика, Константин Димитров смета дека регулаторната комисија нема доволно механизми за реално да ги заштити граѓаните.

-Нашата Регулаторна комисија има основна обврска за енергетика има основна обврска да биде баланс помеѓу оние што продаваат и оние што ја трошат. Јасно е дека се поорганизирани тие што ја продаваат, концентрирани се и стручни тимови. Од друга страна граѓанит се навистина не заштитени, смета проф. др. Константин Димитров.

Од регулаторната комисија како решение за анулирање на поскапувањето предложија намалување на ДДВ-то, но тоа наиде на жестока реакција од министерството за финансии..

Како што стојат работите во моментов, ниту Регулаторната ниту некоја од останатите инстуции има механизам или план да се аналира најавеното зголемување на струјата. Ова значи дека граѓаните со фактурите за септември веќе ќе добиваат подебели сметки за речиси 8 %.

Сингапурската полиција уапси 319 измамници- во 1100 измами зеле 6,6 милиони долари од жртвите

Сингапурската полиција уапси 319 осомничени за измама за време на операцијата што се одвивала од 26 април до 9 мај, се вели во соопштението на полицијата.

Осомничените биле вмешани во повеќе од 1.100 случаи на измами, вклучително и измама во е-трговија, измама со лажно претставување, инвестициска измама, измама преку интернет состаноци и измама со вработување.

Полицијата соопшти дека жртвите претрпеле повеќе од девет милиони сингапурски долари (околу 6,6 милиони американски долари) штета, пренесува Ксинхуа.

Осомничените биле под истрага за измама, перење пари или давање платежни услуги без лиценца.

Млад пар во „жешка“ акција за време на лет- патниците не можат да поверуваат што гледат (ВИДЕО)

Млад пар се препуштил на жешка акција на летот за Даблин, игнорирајќи ги останатите патници.

Патничка снимила девојка како наводно допира млад човек со раката под шал за време на летот. Шокантна снимка од секс во авион е снимена минатиот вторник на утринскиот лет од Лондон до Даблин, објави Дејли Меил.

- Секогаш кога ќе се свртев, гледав енергични движења на седиштата од другата страна. Беше многу очигледно што прават момчето и девојката. Ова траеше околу 20 минути. Едно дете трчаше горе-долу и можеше да види што прават. За мене беше прилично непријатно да седам до брат ми и да морам да посведочам на тоа - изјавила девојката која ја снимила сцената.

За инцидентот се огласи и Бритиш Ервејс.

- Нашите колеги од кабинскиот екипаж не беа информирани за никаков проблем за време на летот. Доколку беа информирани, ќе преземеа соодветни чекори за да го решат тоа - изјавил портпаролот на компанијата.

Полицијата неодамна приведе млад човек и девојка откако биле фатени како имаат секс во тоалетот на авионот. На видеото се гледаат други патници на летот од Лутон како врискаат шокирани откако член на екипажот на EasyJet ја отвори вратата од тоалетот за да ја пронајде експлицитна сцена.

Змија во воз предизвика хаос и застој на железницата во Токио, не успеале да ја фатат

Воз на прометна линија во Токио бил привремено запрен денеска откако патник пријавил кај персоналот дека видел нешто што изгледа како змија.

Ја барале змијата околу 15 минути, но животното не било пронајдено, објави Кјодо.

Железничкиот сообраќај бил обновен еден час по пријавата.

Друг патник рече дека го видел малото животно како „бега во греалка под седиштето“, соопшти линискиот оператор East Jeppen Railway Co.

Поради потрагата по змијата биле погодени околу 2.700 патници.

Никој од патниците не бил повреден.

притисни ентер