Растот на платите, обезбедените буџетски средства за нови капацитети и опрема се приоритет на Владата за текстилната индустрија

Министерот за финансии Драган Тевдовски и шефицата на кабинетот на Министерството за труд и социјална политика Санела Шкриељ,учествуваа на дебатата „Иднината во нашите очи“ во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“.

Како што истакна министерот за финансии, целта на Владата е да обезбеди подобар живот за граѓаните и развој на економијата, а овие две цели се заемно поврзани. Тевдовски додаде дека токму поради тоа, Владата истовремено го поддржува и растот на платите, преку мерки како минималната плата, но и техничко-технолошкиот развој на компаниите за зголемување на продуктивноста, се наведува во соопштението од Владата.

На дебатата во Штип, Тевдовски посочи дека растот на платите најмногу се гледа кај секторите за производство на текстил, облека и преработка на кожа, како области кои порано имаа плата под минималната, но сега прагот кај нив е изедначен со останатите сектори.

Министерот за финансии на трибината на манифестацијата „Текстилијада“ која се одржува по втор пат и која им овозможува на работниците и на работодавачите да ги споделат нивните теми од интерес, нагласи дека растот на платите влијае на покачување на продуктивноста на компаниите, бидејќи подобро платените работници се помотивирани и попродуктивни. Во таа насока, за да се поддржи зголемување на продуктивноста на компаниите, Владата обезбеди буџетски средства но и евтини кредити од Европската инвестициска банка, за да ги поддржи инвестициите во нови капацитети и опрема. Министерот рече дека зголемената продуктивност на компаниите на крај ќе се отслика на развојот на економијата во целост.

Во име на Министерството за труд и социјална политика, шефицата на кабинетот на министерката, Шкриељ нагласи дека изминатата година и пол МТСП интензивно работеше на законски решенија со кои се унапредуваат работничките права. Една од тие мерки е поддршката за раст на плати со кои на работниците им се исплаќа повисока минимална плата, а работодавачите добиваат поддршка за истата и од оваа мерка веќе се гледаат резултатите. Таа информираше дека во тек е и подготовка на нов закон за работни односи кој ќе биде усогласен со европските стандарди.

На дебатата учествуваа и Благој Бочварски и Николчо Илиев, како градоначалници на Штип и Кочани, градови со доминантно текстилна индустрија.

Крвава прослава во Киргистан: Камион влета меѓу ученици и „збриша“ десетици (ВИДЕО)

Страшната несреќа, во која тешко се повредени 29 ученици на возраст од 9 до 16 години, се случи за време на настан во Киргистан кога камион се спушти по удолница и ги прегази гледачите на манифестацијата за читање на National Manas Epic.

Како што се сомневаат, рачната сопирачка на камионот наводно не била правилно затегната, што по извесно време попуштила и возилото тргнало надолу, пренесе Радио Слободна Европа.

Осум деца се хоспитализирани на одделот за интензивна нега и уште 11 во болница, а немилиот настан е снимен со дрон.

На снимката се гледа како камионот почнува да се движи по удолницата, а гледачите на настанот не забележале ништо бидејќи во тоа време со грб биле свртени кон него.

Според информациите, возачот и лицата кои биле задолжени за обезбедување на настанот го „бркале“ камионот, кој што продолжил неконтролирано да се движи неколку метри.

Фановите на Принс ќе може да престојуваат во неговата куќа од филмот „Purple Rain“

Куќата на починатиот музичар Принс во Минеаполис, која беше прикажана во филмот „Purple Rain“, ќе биде достапна за изнајмување на AirBnB.

Се нуди како дел од новото AirBnB искуство - „Ikons“ („Icons“). Според соопштението за печатот, „Икони“ е „нова категорија на извонредни искуства чии домаќини се најголемите имиња во музиката, филмот, телевизијата, уметноста, спортот и друго.

„По повод прославата на 40-годишнината од иконскиот албум и филм, ново реновираниот дом – лоциран во родниот град на Принс, Минеаполис – ќе биде отворен за јавноста за прв пат, само на AirBnB. Гостите ќе можат да го истражуваат домот и „да полудат“ по ретки и специјални песни од светот на Принц во ексклузивна студиска сесија“, се вели во соопштението.

„Иконите“ ве носат во светови кои постоеле само во вашата имагинација – до сега“, рече Брајан Чески, ко-основач и извршен директор на AirBnB, додавајќи:

„Како што животот станува сè повеќе дигитален, ние сме фокусирани на внесување на повеќе магија во реалниот свет. Со Icons ги создадовме најнеобичните искуства на Земјата“, вели Брајан Чески.

Обожавателите на музичката легенда ќе можат да побараат резервации за куќата „Purple Rain“ почнувајќи од 1 август.

Издаден во 1984 година, „Purple Rain“ е американски рок-музички драмски филм напишан и во кој Принц го глуми „The Kid“ во неговото актерско деби. Филмот е направен за да ги покаже талентите на музичарите. Има различни концертни секвенци, вклучувајќи го Принс и неговиот бенд The ​​Revolution.

Филмот го режираше Алберт Магноли, кој подоцна стана менаџер на Принс, според сценарио на Магноли и Вилијам Блин, пишува NME.

Солзи, цвеќе и прекината ТВ програма- годишнина од масакрот во училиште во Белгград

Родителите на децата кои загинаа пред точно една година во пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград утрово пристигнаа пред училиштето.

Таму положија цвеќе и запалија свеќи во спомен на убиените деца и училишниот чувар.

Во масовното убиство кое тринаесетгодишникот го започна на 03.05.2023 година во 08.41 часот, убиени се: Мара Анѓелковиќ, Бојана Асовиќ, Ангелина Аќимовиќ, Ана Божовиќ, Адријана Дукиќ, Ема Кобиљски, Катарина Мартиновиќ, Софија Негиќ, Андрија Чикиќ и Драган Влаховиќ.

Во 08:41 часот пред училиштето се огласија сирените. Истовремено, со прекин на програмата, медиумите во Србија одбележаа едноминутно молчење во спомен на загинатите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ положи цвеќе во училиштето „Владислав Рибникар“ на годишнината од убиството на деветте ученици и чуварот на училиштето.

„Пред точно една година осамна последното училишно утро за нашите девет ангели и човекот кој се грижеше за нив. Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и огромната тага не поминаа“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека зад бесмислениот чин кој за миг згасна животи, иднини и соништа, се крие празнина, но и страшно предупредување до целото општество да ги заштити своите деца со сите сили од секакво зло, опасност и придружба.

„Ние сме врзани со нивните соништа и со сето она што можеа да станат. Ајде да направиме сѐ за да се издигнеме како земја по овој ужас што нè снајде. Изразувам искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите. Нека почиваат во мир. “ напиша Вучиќ.

Седмоодделенец на ОУ Владислав Рибникар во Белград К.К. со пиштол пукал кон обезбедувањето на училиштето, наставничка и учениците. Осум ученици и работник од обезбедувањето загинаа на лице место, додека тешко ранетата девојка Анџелина Аќимовиќ подоцна им подлегна на повредите. Малолетникот сам повикал полиција и се предал. Приведени се и неговите родители.

Веста за пукањето во Врачар, во училиште во центарот на Белград брзо се прошири и ги вознемири граѓаните на Србија. Родителите, пријателите на децата кои одат во ова училиште почнаа да се собираат пред влезот за да дознаат нешто за нивните деца. За жал, на 3 мај некои од родителите ја добија трагичната вест дека нивното дете е убиено.

Во наредните денови влезот на училиштето стана збирно место каде граѓаните им оддадоа почит на жртвите, палеа свеќи, носеа цвеќиња, играчки и оставаа пораки за убиените. Медиумите во регионот и светот ги прекинаа своите програми и известуваа за овој настан.

Српското општество беше во состојба на шок, а потоа следната ноќ, меѓу 4 и 5 мај, се случи ново масовно убиство во Дубона и Мали Орашје, каде исто така беа загубени млади животи.

Учебната година заврши порано, а почетокот на новата беше во спомен на убиените деца.

По повод првата годишнина од масовното убиство, Основното училиште Владислав Рибникар на својата веб-страница објави In Memoriam посветен на повредените ученици и работникот од обезбедувањето.

„Кога првпат дојдоа во Рибникар, како првачиња, беа љубопитни и горди да почнат со училиште. Потоа им ветивме дека ќе ги учиме и ќе ги образуваме. Ветивме дека ќе ги испратиме од Рибникар како тинејџери, безбедни, слободни и подготвени за она што ги чека до крајот на нивниот живот. Ветивме дека ќе ги чуваме. И ние ги научивме. И ги задржавме. Не ги спасивме. Ве молиме простете ни што не можевме да го исполниме ветувањето...“, се наведува меѓу другото на веб-страницата на училиштето.

По повод годишнината од масовното убиство беше организирана програмата Будење која треба да го означи почетокот на повеќеслоен процес на меморирање во спомен на жртвите. Недела на сеќавање ќе биде организирана во сите училишта во Србија од 7 до 10 мај.

притисни ентер