Рекордни 124 поени за Бразил и 38 за Мореира на Светското првенство во кошарка

Првите натпревари од последното коло од групната фаза на Светското првенство во кошарка донесе и два рекорда на овој шампионат.

Репрезентацијата на Бразил постигна 128 поени против Египет, а репрезентативецот на Ангола Јаник Мореира реализираше 38 поени во дуелот против Австралија.

Со оваа победа Ангола ги задржа шансите за осминафиналето и ќе го чека исходот од натпреварот Јужна Кореја – Мексико. Со поразот од Нов Зеланд, селекцијата на Финска ги заврши натпреварите на ова Светско првенство, додека првата победа ја постигна и селекцијата на Филипини откако го победи Сенегал.

Резултати и табели:
А група: Бразил – Египет 128:65 Иран - Франција Србија - Шпанија Табела: Шпанија 4-0, Бразил 4-1, Франција 2-2, Србија 2-2, Иран 1-3, Египет 0-5.

Б група: Сенегал – Филипини 79:81 (по продолжение) Хрватска - Порторико Аргентина - Грција Табела: Грција 4-0, Аргентина 3-1, Сенегал 2-3, Хрватска 2-2, Филипини 1-4, Порторико 1-3,.

Ц група: Финска - Нов Зеланд 65:67 Украина - САД Турција - Доминиканска република Табела: САД 4-0, Нов Зеланд 2-3, Украина 2-2, Турција 2-2, Доминиканска република 2-2, Финска 1-4.

Д група: Австралија - Ангола 83:91 Ј.Кореја - Мексико Литванија - Словенија Табела: Словенија 4-0, Литванија 3-1, Австралија 3-2, Мексико 1-3, Ангола 2-3, Ј.Кореја 0-4.

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

притисни ентер