Рекордно висока бројка на новозаболени случаи од коронавирус

Бројката на новозаболени изминатото деноноќие на рекордни 120 и двајца починати... Најголемиот дел од нив заболените се од Скопје...

120 потврдени случаи на Ковид 19. Од стартот на епидемијата ова е највисока бројка на заразени со Ковид 19. Македонија го живее вториот бран на корона вирус. Најмногу од заразените се во Скопје 67, Куманово, 19 Штип 16, Тетово 9, Прилеп 4, Велес 2, гостивар, Неготино и Струмица со по еден потврден случај. Двајца не ја издржаа битката со опасниот вирус. 65 годишна пациентка од ГОБ„8ми септември“ од Тетово и нејзин сограѓанин 69 годишен пациент почина на инфективната клиника.

Во моментов активни се 843 случаи. Најмногу во Скопје 451, Штип 89, 88 Тетово, Куманово 85, Прилеп 32, Велес 31, Струга 18. Вкупно битката со корона вирусот ја изгубија 147 луѓе.

Министерот за здравство Филипче објасни дека мерките мора строго да се спроведат за време на тридневниот карантин и очекува дека бројката на ново заболени ќе се намали за една недела. Тој не посочи дали ќе се бара институционална одговорност со продолжената кризна состојба. Вирусот ќе остане може и во наредните пет години и граѓаните мора да почитуваат носење на маска, хигиена и дистанца.

Делегацијата на Европската Унија денеска донираше нови респираторни машини досега вкупно се донирани 20 за помош на интензивните одделенија каде се тешките болни.

Досега двајца пациенти од ГОБ„8-ми септември се изборија да ја да не се на респиратор. Во „ 8ми септември“ на респиратор се осум пациенти, а пет со потешка клиника слика. А на инфективна 19 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер