Ревизорски извештај: Двојно повеќе апарати за магнента резонанца, а ист број на прегледи

За пет години двојно е зголемен бројот на апарати за магнетна резонанца, но истите не се доволно искористени, бројот на пацинети кој ги користат овие услуги е речиси ист. 

Најновиот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија покажува дека во земјава годишно во просек на еден апарат се прават 2 800 услуги, што е под просекот на еврпските држави кој се движи меѓу 4 до 9 илјади снимања годишно по апарат.

„Во периодот на вршење на ревизијата во јавното здравство има 14 функционални апарати во 10 ЈЗУ, како и 2 апарати за МР надвор од употреба. Најмногу апарати, односно 3 и 4, има во ГОБ 8ми Септември во Скопје и Универзитетскиот институт за радиологија, додека останатите здсравствени установи имаат само по 1 апарат. “- Ревизорски извештај.

Дополнителен проблем во јавните здравствени установи е и немањето на стручен кадар. Најмногу вработени радиолози има Институтот за радиологија во Скопје, од 20 вработени 19 знаат да читаат снимки. Најмалку вработени радиолози има во општата болница во Прилеп и Св.Еразмо во Охрид.

А како резултат на дефекти на апаратите, намален расположлив кадар, како и поради Ковид кризата, во извештајот се нотира дека во повеќе месечни периоди воопшто не биле објавувани или биле објавувани значајно помал број на термини. Според ревизорите воспоставена била пракса за неосновано и неоправдано упатување за снимање од страна на специјалистите, за што од Министерството за здравство, велат не биле преземени мерки за санкционирање.

За овој проблем свесен е и министерот Меџити, кој минатата недела најави дека решавањето на проблемот ќе се бара во контролираното закажување на термини за магнетна од страна на докторите, а до граѓаните упати апел да не бараат магнет за секоја главоболка.

За надминување на наведените состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните институции, а во функција на обезбедување ефикасно користење, достапност и соодветен квалитет на здравствените услуги на граѓаните со магнетна резонанца.

Едно лице загина, а шест се повредени во судири во либискиот град Завија

Најмалку едно лице загина денеска, а шест се повредени во жестоки судири во западниот либиски град Завија.

Учесниците во судирите биле повикани на прекин на огнот за да се спасат семејствата заробени во зоната на конфликтот, јави либиската телевизија Алахрар.

Али Ахнеш, шеф на огранокот на Црвената полумесечина Завија, изјави за телевизијата дека 10 семејства се евакуирани и повика на „прекин на огнот за евакуација на семејствата лоцирани во областите каде што се случија судирите“.

Волонтерите на Црвената полумесечина добија повици од семејства во конфликтните области кои бараа да бидат евакуирани, рече тој.

Засега не се знае кој учествувал во судирите ниту зошто дошло до судирите.

Либија е зафатена од немири по соборувањето и бруталниот атентат на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи во 2011 година./МИА

Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска

Случајот пријавен во полиција

Денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје непознато лице вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по што интервенирало нејзиното обезбедување.

-Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Од Уставниот суд за МИА потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци.

Претходно, на 15-ти овој месец во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти ширум светот.

„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул.

За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу подрачја ќе се соочија со глад, особено африканските земји. .

Тој нагласи дека Турција, сред пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзиниот теснец./МИА

притисни ентер