Револуционерната идеја на Илон Макс се заканува да ја уништи авио-индустријата

Сопственикот на агенцијата „Space X”, Илон Макс појасни на кој начин сака да отпатува на Месечината и Марс, но откри дека истиот ракетен систем сака да го користи и на Земјата.

Имено, ракетниот систем би овозможил од еден на друг крај на Земјата да стигнеме за еден час, а идејата ја демонстрираше на сцена. Тој објасни дека ваквиот начин на патување би им овозможил на патниците да поминуваат големи далечини и да патуваат за 30 до 60 минути и тоа по иста цена која во моментот ја нудат економските класи на авио-компаниите.

Предложил мега-ракета, по името „Big Fucking Rocket” или VFR да лансира огромен вселенски брод во Земјината орбита. Бродот потоа би се приземјил на периферијата на светските метрополи. Иако сето тоа во моментот е само замисла, Илон се надева дека со првите проекти ќе се почне низ шест до девет месеци.

Во снимката е прикажана илустрација на идејата, а патниците прво ќе се качат на големиот брод кој ќе ги пренесе до базата. Потоа ќе се користи истата ракета со која Маск планира да испрати луѓе на Марс во 2024 година. Сепак, наместо да оди на друга планета откако ќе ја напушти Земјината атмосфера, бродот ќе се раздвои и ќе тргне кон друг град – во прикажаното видео станува збор за пат од Њујорк до Шангај. За само 39 минути патниците би поминале пат 11.851 километар.

Од Хонгконг до Сингапур патот ќе трае 22 минути, од Лондон до Дубаи или Њујорк 29 минути, а од Лос Анѓелес до Торонто 24 минути.

Маск објасни дека леталото може да прими меѓу 80 и 200 луѓе, како и дека се извршени 16 успешни пробни слетувања, но повеќе детали за проектот не откри.

Главното прашање е: дали луѓето ќе бидат подготвени да ги изложат своите тела на екстремен стрес за да заштеди неколку часа пат?

Лазарини: Од Рафа избегаа 800.000 луѓе, нема безбедно место во Газа

Од почетокот на израелската копнена операција во Рафа на 6 мај, од овој град избегнале 800.000 луѓе, соопшти синоќа шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини.

Тој посочи дека луѓето се кријат во урнати згради, во области каде што е прекинато водоснабдувањето, а санитарни јазли не постојат.

„Кога луѓето бегаат, тие се без безбеден премин или заштита. Секој пат се принудени да ги остават зад себе неколкуте работи што ги имаат: душеци, шатори, прибор за готвење и основни потреби што не можат да ги понесат со себе или да платат транспорт“, истакна Лазарини на платформата Икс.

Тој нагласи дека Ал-Маваси, наводната безбедна зона во близина на Рафа, всушност е песочна област со големина од само 14 квадратни километри, во која се наоѓале 400.000 луѓе пред последната израелска ескалација. /МИА

Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен

Топлотен бран зафати делови од северозападна Индија, а главниот град Њу Делхи е ставен во состојба на готовност поради опасно топло време.

Температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен Целзиусов, а блиските држави Пенџаб, Харајана и Раџастан исто така забележаа пораст на температурата што се очекува да се задржи во следните неколку дена.

Индискиот метеоролошки оддел ги предупреди луѓето да не излегуваат на Сонце во попладневните часови, да пијат многу вода и да носат соодветна облека. На ранливите лица, особено на постарите, им е препорачано да не излегуваат надвор.

Во април, мај и јуни секогаш има високи температури во поголемиот дел од Индија, но жештините станаа поинтензивни во текот на изминатата деценија./МИА

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Украинскиот боксер Олександар Усик го победи Британецот Тајсон Фјури во главната борба на боксерската вечер во Ријад и ја освои титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија. 

Борбата траеше сите 12 рунди. Судиите со поделена одлука му ја доделија победата на Украинецот - 115:112, 113:114, 114:113.

Триесет и седумгодишниот Усик стана првиот неприкосновен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година и прв во ерата со четири појаси.

Претходно, во ерата на три појаси, само Ивандер Холифилд (44-10) беше апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Сега украинскиот боксер има шест појаси: четири големи: ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО и два помали: ИБО и Ринг.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој забележа 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

притисни ентер