Резултатите во Шпанија нова неизвесност за протоколот за членство во НАТО

Вонредните парламентарни избори во Шпанија дополнително ја искомпликуваа политичката состојба во земјата, а тоа директно ќе влијае врз членството на Македонија во НАТО.

Имано, Шпанија е една од неколку држави кои се уште го немаат ратификувано протоколот за нашето членство во Алијансата. Причина за тоа е што не може да се формира владејачко мнозинство, по што тамошниот парламент би можел нормално да работи.

Неможноста да се состави нова влада резултираше со нови избори кои се одржаа вчера, но резултатите не даваат оптимизам дека владејачко мнозинство брзо ќе се формира.

Социјалистичката партија на привремениот премиер Педро Санчез повторно победи и освои најмногу пратенички места, но сепак помалку во споредба со изборите во април, што ја прават неговата позиција за договарање мнозинство уште по слаба. Помалку места освои и можниот партнер на Санчез, левичарите од коалиција Унидас Подемос.

По вчерашните резултати сликата во 350 членскиот Шпанскиот парламент ќе исклучително дисперзирана, односно во него ќе има многу партии во мал број пратеници.

Конститутивната седница е закажана за трети декември, истиот ден кога почнува самитот на НАТО во Лондон, каде што според оптимистичкото сценарио требаше да станеме полноправна членка на Алијансата.

И да се формира владејачко мнозинство на трети декември, многу се мали шансите шпанскиот парламент веднаш да одлучува, бидејќи нема да бидат формирани ни соодветните собраниски тела.

Покрај Шпанија протоколот треба да го ратификуваат и Франција и Холандија. Последните информации говорат дека официјален Париз ќе ги заврши процедурите за ратификација до крајот на годинава.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер