Ријана се фотографираше во традиционален кинески фустани

Ријана се фотографираше за кинеското издание на магазинот „Harper’s Bazaar“.

Бидејќи на фотографиите се појавува во традиционални кинески фустани, некои луѓе ја обвинија за непочитување на туѓа култура.

Но во одбрана застанаа нејзините фанови кои за фотографиите велат дека се уметнички и дека нема потреба некој тоа да го сфаќа како непочитурање.

Ужас во Германија: Си ја застрелал мајка си во лице за да „ја спаси од себеси“

Несреќна жена (55) од Германија загинала кога сопствениот син ја застрелал во лице затоа што „само сакал да ја спаси од него“.

32-годишниот маж призна пред поротата во Салцбург дека ја застрелал мајка си на 23 ноември 2023 година.

„Признавам дека сум 100 отсто виновен“, изјави обвинетиот во регионалниот суд.

Злосторството се случило во дневната соба на семејната куќа во населбата Зел ам Си каде мајката и синот живееле заедно.

Претходно беспрекорниот син како свој мотив ја навел желбата да ја ослободи мајка си од стресните ситуации предизвикани од неговата долгорочна зависност од алкохол и дрога.

"Мамо, извини, не можам да ти помогнам. Потоа го вперив пиштолот во неа и го повлеков чкрапалото", и рекол на судијката Мартина Кохер дека истрелот бил испукан од непосредна близина и ја погодил жената во лицето, по што таа починала на лице место.

Синот лично повикал полиција и дал признание. Инспекторите ја пронашле жртвата како лежи на каучот во дневната соба, а во позадина работи телевизорот. Како оружје за убиството била запленета пушка во легална сопственост на 32-годишникот. Немало сведоци на злосторството.

Според пријавата, обвинетиот за време на делото имал 2,3 промили алкохол во крвта. Според експертизата на експертот по невропсихијатрија Габриела Ворготер, тој имал ограничени ментални способности.

Меѓутоа, со текот на годините, луѓето се дрогираат, понекогаш без никаква потреба и во комбинација со алкохол. Тој се опишал себеси како „четвртина пијан“.

На 23.11.2023 година, пријавениот конзумирал силен алкохол и разни психоактивни дроги, но сепак знаел што прави, велат од јавниот обвинител.

„Клучниот дел од овој судски процес ќе биде прашањето зошто сакал на ваков начин да ѝ „помогне“ на мајка си“, рече обвинителот.

Адвокатот на одбраната Питер Махајнер рече дека нема оправдување за кривичното дело. Тој побарал судот да ја земе предвид моменталната состојба на обвинетиот и побарал полесна казна. Поради синдром на немирни нозе (РЛС), од кој обвинетиот боледува од својата 20-та година, земал лекови препишани од лекар во кои имало опијати, објасни тој. Со овој синдром, заболените чувствуваат непријатен нагон да ги движат нозете.

Лекот делувал, но неговиот клиент станал зависен.

Самиот обвинет зборувал за заштитено детство.

"Сè помина добро во однос на училиштето и обуката. Ми беше дијагностицирана зависност од опијати во 2019 година. Веќе не беше возможен нормален секојдневен работен век. Јас сум виновен и никој друг. Жал ми е", рече тој пред судот.

Наскоро треба да се донесе пресудата.

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите - затоа да гласаме за бројот 1

Не смееме да ја изгубиме слободата која ја градевме овие 7 години. Денес сте слободни и гласно може да се изразите, да критикувате, да не се согласувате. Тоа е ваше право за кое заеднички се изборивме.“

„Тешко го спечаливме, но сега на 8-ми мај треба заеднички да го сочуваме“, им порача на жителите на скопската општина Гази Баба, Фатмир Битиќи потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 2.

На граѓаните со кои се сретна попладнево, тој им посочи дека потврда за слободата во Македонија денес пристигна од „Репортери без граници“, според чиј индекс нашата држава е рангирана на 36-тото место во однос на слободата на медиумите во светот, а први сме во регионот.

„Во 2016 година бевме на дното, рангирани на 118-то место. Тогаш слободно кажаниот збор се казнуваше, медиумите беа цензурирани, граѓаните беа манипулирани. Зошто? Затоа што никој не смееше да ги праша како од една „жолта куќичка“ успеаја да изградат Бела палата, зграда од седум ката вредна 40 милиони евра. Затоа потребен им е медиумскиот мрак, за криминалот, корупцијата и личното богатење да не го гледаат граѓаните“, рече Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ, им нагласи на граѓаните дека слободата им го отвора патот кон квалитетен живот, им дава можност да бидат иновативни и креативни во животот.

„Слободата е во темелите на праведното и правично општество. Затоа на 8-ми мај треба да размислите дали ќе гласате за Коалицијата за европска иднина, за бројот 1 или пак, казнувајќи не' нас, ќе го дадете својот глас за тие кои 11 години не' држеа сите нас во мрак додека си ги полнеа џебовите со нашите пари. Затоа, не казнувајте ги вашите деца, заедно со нас бидете чувари и промотори на слободата во европска Македонија“, порача потпретседателот на СДСМ, Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Ја нарекуваа „Чудо од Чандигар“ – на 101 година истрчала спринт за една минута (ВИДЕО)

Ќе очекувате стогодишник да ги поминува деновите тивко, но Ман Каур имала поинакви планови.

Подобро ѝ било да фрла копје или ѓуле, да тренира и да победува, отколку да седи пред телевизор.

Дали некогаш сте слушнале за „Чудото од Чандигар“? Ако не, прочитајте ги следните редови.

Ман Каур е родена на 1 март 1916 година. Таа водеше тивок, обичен живот, а потоа се се промени кога го прослави својот 93-ти роденден.

На убедување на нејзиниот син Гурдев Синг, кој учествувал на меѓународни трки, таа започнала да тренира. Таа претходно посетила лекар и добила дозвола да биде физички активна во подоцнежните години.

Редовно вежбала, менувајќи го режимот на работа од ден на ден, под будното око на Гурдев.

„Некои денови трча, а на други вежба копје и фрлање ѓуле. Одиме и во теретана, каде што тренира со тегови“, открил нејзиниот син.

Во времето кога Ман почнала да тренира, Гурдев имал 79 години, а заедно учествувале на десетици атлетски средби ширум светот.

Таа го освоила еден од првите медали во родниот град, а славата ја стекнала по Светското Мастерс првенство во Нов Зеланд во 2017 година, каде победи на трката на 100 метри.

Таа го истрча делот за нешто повеќе од една минута, што е неверојатно достигнување. Дали спомнавме дека во тоа време имала 101 година!

Така стана најстарата и најбрзата (стогодишна) спортистка, а беше номинирана и за престижната награда „Лауреус“, во категоријата Најдобар спортски момент на годината.

Во својата кариера освоила 31 златен медал на меѓународни натпревари (за ветерани). Треба да се спомене и Светскиот шампионат на Мастерс во Полска, во 2019 година, каде таа ги освои најдобрите почести во четири дисциплини - фрлање ѓуле, фрлање копје, трки на 60 и 200 метри.

„Вежбањето и учеството на натпревари ме прават среќна“, изјавила таа во едно од интервјуата.

Новинарите се интересираа како ја одржува физичката кондиција и како поднесува напор во подоцнежните години.

„Редовно вежбајте и хранете се здраво. Избегнувајте брза храна. Бидете вистински пријател и дружете се со добри луѓе“, одговорила таа.

Ман Каур била вегетаријанец, пиела кефир и јадела житарки секое утро. Редовно трчала, а особено работела на зајакнување на горниот дел од телото.

Нејзините успеси не останаа незабележани во Индија, па на почетокот на 2020 година ѝ била врачена престижната награда Нари Шакти Пураскар.

Признанието го доделува Владата на Индија на поединци или институции кои се борат за зајакнување на жените.

По некое време таа починала од здравствени компликации. Доживеала 105 години, а зад себе оставила два сина и ќерка.

Нејзината неверојатна приказна служи како инспирација и доказ дека „годините се само бројка“, односно дека ниту една цел не е недостижна ако се вложи доволно труд.

притисни ентер