Ријана за првата средба со партнерот АСАП Роки: Ме зграпчи за задникот

Пејачката Ријана проговори за нејзината петгодишна врска со раперот АСАП Роки, со кого има две деца, синовите Рз и Рајот. 

Нејзината прва средба со раперот се случила во 2012 година на доделувањето на MTV Video Music Awards, а сега таа раскажа како се запознала со него.

„Ме зграпчи за задникот. Тоа беше дента кога се запознавме. Мојот тим беше загриќен дека сакам да му ја ставам главата на послужавник. Помисив: Ах, не.Поради тоа сите рекоа: Боже мој. Тој ѝ се допаѓа“, раскажа Ријана. Сепак, требало да поминат години пред Ријана и Роки да бидат подготвени да стапат во врска, до 2019 година.

„Се знаеме долго време. Го гледав во врски. Ме гледаше во врски. Знаевме за што сме способни и неволјите што можевме да си ги донесеме во животот еден на друг. Можевме да се обожаваме или да си ги скршиме срцата. И така почнавме да излегуваме со многу претпазливост“, откри таа.

Таа се осврнала и на тоа како на почетокот не била сигурна дали Роки е вистинскиот. „Само дозволив да се случи што и да се случи. Тоа беше само: „Ова е цвет. Или ќе умре или ќе процвета, но ќе дозволам да се случи“, рече таа. Таа додаде дека се надева дека ќе продолжи да го проширува своето семејство со раперот: „Не знам што сака Бог, но би се согласила на повеќе од две деца“, рече таа.

Мерчан нема милост: Трамп е казнет со 9.000 долари за непочитување на судот (ВИДЕО)

Судијата Хуан Мерчан изјави дека поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп е казнет со 9.000 долари поради прекршување на забраната за коментирање на сведоците.

Обвинителите го обвинија поранешниот претседател дека постојано ја прекршувал наредбата да не ги коментира сведоците, барајќи од судијата да го казни со 1.000 долари по коментар, објави Гардијан.

Според судскиот налог, Трамп не може да дава, или да наложува други да даваат, јавни изјави за сведоци поврзани со нивната улога во истрагата и судењето, пред обвинителите, освен окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег и членовите на судскиот персонал или персоналот на окружниот обвинител.

Трамп може слободно да го критикува Мерчан, иако тоа веројатно нема да му се допадне на судијата, кој ќе одлучи за неговата казна доколку поротата го прогласи за виновен.

Пред судењето, Мерчан ја прошири забраната за коментари за да ги „покрие“ неговите и семејствата на Брег, откако Трамп објави објава за неговата ќерка, која работеше за компанија која им помагаше на демократските кандидати во дигиталните кампањи.

Сергеј Трифуновиќ се огласи прв пат по апсењето: Сега сум сосема друга личност

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ за првпат проговори откако на 18 април околу 20 часот беше уапсен на Вождовац во Белград.

Тој бил ослободен на 20 април, по сослушувањето во Вишото јавно обвинителство во Белград, кога му беше укинат притворот, објави Телеграф.

- Дури денес ми го вратија телефонот. Беше на вештачење кај надлежните, за да ги разоткрие другите членови на мојот нарко картел - почна Сергеј.

- Имам 6.000 пропуштени повици и пораки и би сакал да им се заблагодарам на сите за грижата и поддршката, поединечно тоа би траело со денови. Важно е да знаете дека правда постои во Србија и дека властите си ја вршат својата работа. И сега сум сосема друга личност. Преедуциран. Подобар. Спортист. Сите на избори - порача Трифуновиќ.

Сергеј, да потсетиме, бил приведен поради неколку грама недозволена дрога, што ја имал со себе при претрес.

Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати и пензии, кон „Едно општество за сите“

„Ова зад мене е Спомен-костурницата, симбол на прогресивното и мултикултурно Куманово, темелот на АСНОМ-ска Македонија.“

„Градот кој во 2015 година го потресе трагедија која беше одраз на еден режим кој сакаше да ја скрши Македонија. Сеќавањата сè уште остро нè потсетуваат и опоменуваат на тие мрачни времиња кога ВМРО-ДПМНЕ ја држеше заробена државата во мрак исполнет со стравови“, вели во видео обраќање од Куманово, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој нагласува дека СДСМ седум години градеше општество на соживот, меѓусебно разбирање и почитување на различностите, притоа предупредувајќи дека „наследниците на режимот бараат повторно да се издигнат од пепелта, нивната шовинистичка политика повторно надвиснува над Македонија“.

Битиќи предупредува дека со ВМРО-ДПМНЕ и неговиот национализам постои опасност државата да се врати во периодот кога имаше поделби на етничка и религиозна основа.

„Со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот национализам може само да се вратиме во времето кога вештачки се обидуваа да креираат поделби и раздори на етничка и религиозна основа. На овие парламентарни избори, секој глас за нив, е глас за времињата налик на тие од 11 години режим. Но наспроти нив, стоиме ние, СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, со кои, патриотски, а не националистички, ќе одиме кон повисоки плати, повисоки пензии и пред сè, кон Едно општество за сите“, вели Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер