Ристовски: Нудиме модел на власт која ќе има емпатија и разбирање за маките и страдањата

Нудиме модел на власт која ќе има емпатија и разбирање за маките и страдањата на својот народ, но и за потребите да ги остварат амбициите на децата за поубав и подобар живот.

„Коалиција Храбро за Македонија“

Гласајте за слобода, за број 3, зошто апсолутната власт раѓа аздисаност.

„Во изминативе денови на кампања за парламентарниве и претседателските избори, многупати пративме пораки но и опомени и до претседателските кандидати во вториот круг и но и до нашите политички конкуренти, политичките партии кои се на овие парламентарни избори. Истовремено ја образложивме и нашата визија за тоа како треба да изгледа Македонија во периодов пред нас. Излеговме со разни иновативни, иновациски мерки и инструменти на владини политики со коишто целевме да се сопре растечката сиромаштија, но и да отвориме еден циклус за просперитет, за нов квалитет на животот во Македонија“, кажа во своето обраќање до јавноста претседателот на ИНТЕГРА-македонска конзервативна партија и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија.

„Во среда, на 8 мај од изгрејсонце до зајдисонце ја имате уникатната можност да изберете, вашето право за избор е највисокото демократско право во едно општество, искористете го тоа право, храбро излезете масовно на избори на 8 мај во среда и направете избор. Изборот е за тоа како ќе живеете од четврток натаму. ИНТЕГРА македонска конзервативна партија како додадена вредност во Коалицијата Храбро за Македонија, ви понуди слобода. Власт која што апсолутно ќе цели кон сите видови на слободи, лични, семејни, индивидуални. Ние нудиме влада која што ќе ја прими на и на дело ќе ја покаже пораката што ја добивме со Велгденските празници деновиве, а таа порака е пожртвуваваност од страна на државата, од владата, пожртвувана љубов кон својот народ, емпатија, сочувствителност за маките и страдањата на својот народ но и за потребите на народот како да го премости овој егзистенцијален страв, страв од опстаникот, како утре ќе преживее семејството и секој еден во Македонија, но и како утре ќе отвориме перспективи за да ги оствариме амбициите на своите деца за пристоен живот во Македонија“, рече Ристовски.

„Драги мои Македонци, во среда вие избирате за тоа како ќе живеете во периодот по изборите. Дали сакате повторно апсолутната влас која е апсолутно искорумпирана, по сите теории на политички науки, Лорд Ектон рекол-Апсолутната власт апсолутно корумпира, апсолутната власт раѓа аздисаност. Повторно може да се соочиме со режимски елементи, со притисоци со закани со уцени, со затворања, со непријатности бројни кои ќе го мачат нашиот народ.

Имате право да изберете слобода, ИНТЕГРА македонската конзервативна партија и Коалицијата Храбро за Македонија нуди влада која апсолутно ќе го симне секое бреме на народот. Ќе има растеретување во делот на даноците, ќе има растеретување во притисокот на државата кон животот на поединецот и на вашите семјства кон личниот живот. Со нашата програмска платформа на овие избори, владата мора да стане ваш слуга, владата мора да стане рационален државен апарат кој ќе се грижи за вашите потреби, која ќе создава услови вие да ги остварите вашите потреби, влада која со сите ресурси ќе стане партнер на вашиот сон за подобро утре, за сонот на вашите деца за подобар, посреќен и поквалитетен живот во Македонија. Ова е уникатна можност, уникатна понуда на овие избори. Коалицијата Храбро за Македонија со оваа понуда дава шанса да се создадат услови за секој од вас во полн творечки потенцијал, со сиот претприемачки дух кој го имате во себе да полетате повисоко и подалеку, затоа што државата ќе стане партнер на вашиот сон, вашиот сон каков и да е, богата и просперитетна Република Македонија, вашиот сон, богати и просперитетни среќни семејства, добива партнер со владата на ИНЕГРА македонска конзервативна партија и Коалицијата Храбро за Македонија.

Затоа во среда на на 8 мај заокруужете број 3, гласајте одважно, храбро похрабро од било кога досега за Коалицијата Храбро за Македонија, бидете храбри, покажете храброст на јавна сцена, ќе добиете партнер во парламентот и во владата. Ќе добиете некој што ќе ви ја отвори вратата за секоја ваша потреба, ќе добиете партнер во сите процеси во вашиот живот, за секој проблем ќе ви стоиме на располагање, ќе имаме отворена канцеларија за секој еден од вас, за сите ваши потреби, затоа дадете доверба на Коалицијата Храбро за Македонија, заокружете број 3, факторизирајте не во парламентот за да станеме партнери во процесот за економска препород на Македонија, да направиме навистина богата Македонија, да направиме моќна држава“, рече Ристовски.

Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. 

Елегантни моторџии облечени во палто, елек и вратоврска денеска по деветти пат како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlmens Ride“ ќе дефилираат низ скопските улици со цел да ја подигнат свеста за машкото здравје и превенцијата од рак на простатата.

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. Организаторите најавуваат учесници и од останатите градови од државата и гости од Косово. Меѓу нив има доктори, професори, личности од јавниот живот кои, како и секоја година, ќе донираат средства за фондацијата „Мовембер“ во Лондон за борба против рак на простатата.

„The Distinguished Gentlmens Ride“ годинава се одржува во 959 градови низ светот. Учествуваат 90.000 мотоцикли од 105 држави.

Скопје е дел од ова движење од 2016 година. Досега учествувале 1.172 учесници, а собрани се 18.836 евра.

Глобалното движење почна на иницијатива на Марк Хава во 2012 година во Сиднеј кога тој заедно со своите пријатели продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простатата. Оттогаш движењето станува помасовно секоја година. Од основањето на „The Distinguished Gentlmens Ride“ досега собрани се 50,2 милиони долари на светско ниво кои се донираат во институции и болници кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и борбата против рак на простатата. /МИА

Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

Телата на четворица мигранти се пронајдени во близина на брегот на Тунис, а крајбрежната стража во посебна операција спасила 52 лица, соопшти Националната гарда.

Се додава дека гардата уапсила девет шверцери и ги запленила чамците.

Најмалку 23 туниски мигранти исчезнале откако со чамец се упатиле кон Италија, соопшти претходно Националната гарда.

Тунис се соочува со миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и Блискиот Исток во потрага по побезбеден живот во Европа. /МИА

Одбележување на Светскиот ден на семејниот лекар - 19 Мај

Под мотото „Здрава планета, здрави луѓе“ денеска се одбележува 19 Мај - Светскиот ден на семејниот лекар.

Здружението на лекари по општа медицина - семејна медицина (ЗЛОМ СМ), информира дека за таа цел во Градскиот парк во Скопје денеска од 11 до 14 часот граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок, гликемија и пикфлоуметрија. Специјалистите по семејна медицина ќе даваат совети за здрави животни навики.

Предвидена е и прес-конференција за медиумите.

притисни ентер