Робертсон: Одлуката е во Македонскиот народ – сега или никогаш

Лорд Џорџ Робертсон од Битола порача дека одлуката е во рацете на македонскиот народ, и таа треба да се искористи, сега или никогаш.

-Би било погрешно да ви кажам како да гласате, но гласањето во овој момент е најголем императив и во таа смисла ќе посочам на една изрека која гласи „ако не гласаш, тогаш немаш право на мислење“, рече поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон на вечерашната трибина со битолчани.

Лорд Робертсон порача дека одлуката е во рацете на македонскиот народ, и таа треба да се искористи, сега или никогаш.

- Важно е секој да гласа, да ги убедите сите. Вашите соседи да излезат и да гласаат на 30 септември. Кога бев генерален секретар на НАТО јас бев принуден вашата држава да ја нарекувам ФИРОМ, но тоа беше погрешно. Тоа засекогаш може да се промени на 30 септември. Договорот со Грција го гарантира идентитетот, културата, јазикот и ја отвора вратата кон Европа. Одлуката е во ваши раце, сега или никогаш, рече Робертсон.

Поранешниот генерален секретар на НАТО и лидер на неформалната „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО нагласи дека говорот на македонски јазик на премиерот Заев во Европскиот Парламент ќе се повтори и по 30 септември.

- Што е понудено како алтернатива на Договорот? Ништо! Со Договорот се гарантира членството на Македонија во ЕУ и НАТО. За младите е подобро Европа да дојде тука, отколку младите да одат низ Европа. Државите кои се дел од ЕУ и НАТО се напредни и развиени, и затоа сите сте пред историски чекор кој мора да го направите. Оваа шанса на Македонија е шанса за новите генерации. Го слушав македонскиот премиер Зоран Заев како на македонски јазик зборуваше во Европскиот Парламент. Тоа беше историски момент, но после 30 септември тој момент ќе се повтори и ќе се повторува, рече Робертсон.

Порака до младите битолчани упати и македонскиот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

- Младите во Македонија се за европска Македонија и тие веќе го формираа својот став бидејќи не сакаат Македонија да биде енклава и повлечена од глобалниот свет. Младите треба, и ќе бидат генераторот на позитивните промени во Република Македонија. Младите се најкосмополитската генерација, која кога било живеела во оваа држава, младите секогаш биле генератор на позитивни промени насекаде во светот и така ќе биде овој пат, посочи Пендаровски.

Повик за масовно учество и гласање на претстојниот референдум упати и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

- Оваа учебна година имаме 200 првачиња помалку од минатата година, а бројката се намалува. Зошто? Затоа што младите родители ја напуштаат државата. Ова мора да престане. А, дали и понатаму ќе заминуваат од државата ќе зависи од нашата мудрост на 30 септември. Сега е шансата. Кога веќе ја имаме пријателската рака од целиот свет, тогаш да ја прифатиме пријателски подадената рака и да бидеме дел од европското семејство, истакна Петровска.

Грчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија.

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам и уапси 125 демонстранти.

Холандската интервентна полиција рано утринава го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам, при што уапси околу 125 лица во повремено насилните судири, соопштија властите.

Во пораките објавени во текот на ноќта на социјалната мрежа X, полицијата наведе дека мора да дејствува за да го запре овој настан и да ги растури шаторите поставени од демонстрантите кои беа насилни кон полицијата.

„Полициската рација беше неопходна за да се воспостави ред. Ги гледаме снимките на социјалните мрежи. Разбираме дека тие снимки може да изгледаат интензивно“, соопшти полицијата.

Локалните медиуми покажаа како демонстрантите пукаат со пиротехнички средства кон полицајците, но засега нема извештаи за повредени од двете страни.

„Сега сè е тивко... полицијата останува во близина на кампусот во Ротерсајланд“, соопшти полицијата подоцна на X.

Холнадскиот министер за образование во заминување, Роберт Дијкграф, изјави дека универзитетите се место за дијалог и дебата и дека е разочаран што полицијата морала да интервенира.

Студентските протести поради војната и академските врски со Израел почнаа да се шират низ Европа, но останаа многу помали од оние во САД.

Ван Дајк цел на голем број врвни клубови

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура. 

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

Триесет и двегодишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона.

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.

На две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул е трет на табелата со 78 бодови, зад лидерот Арсенал кој има 83 и Манчестер сити кој собра 82 бода и има натпревар помалку.

притисни ентер