Робот – готвач ќе работи во американските супермаркети (ВИДЕО)

Ланецот супермаркети во САД ќе ангажира робот , за да готви , пред се на скара.

Американски Волмарт почна со тестирањето роботи за работа во кујна и тоа најпрвин во градот Бентонвил , во државата Арканзас. Цел на тестирањето е да се утврди дали роботот наречен Флипи е погоден за работа во кујна . Флипи е прв меѓу роботите со намена да врши работи во кујна , а го разви пред две години малата старт ап компанија Miso Robotics .

Тој може да постигне брзина , која е веќе тестирана годинава во рестораните за брза храна на CaliBurger, , а од неодамна е ангажиран и на стадионот на Доџерси од Лос Анџелес.

Таму роботот печеше пилешко и крокети. За време на Светското фудбалско првенстов испече над 7 000 килограми храна , а е способен во исто време да пржи во 8 фритези.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер