Роналдо молчењето го плаќа 12 милиони евра

Кристијано Роналдо мошне внимава неговиот приватен живот да остане тајна. и успева во тоа, бидејќи молчењето скапо го плаќа.

Светот се шокираше кога пред неколку години Роналдо му откри на светот дека станал татко. Името на мајката на неговиот син остана до денеска тајна. Иако сите се прашуваат која е мистериозната дама, се пишува овие денови дека Роналдо молчењето го платил.

Сурогат мајката наводно добила 12 милиони евра за да го донесе во тишина на свет наследникот на Роналдо. Иако има девојка се шушка во последно време дека по истио принцип тој ќе добие и близнаци.

Исто така би требало да ги роди сурогат мајка која наводно живее во Сан Диего, и на која Роналдо за породувањето и дискрецијата ќе и плати 17 милиони евра.

Иако Роналдо има девојка и мошне интересен љубовен шивот, кога се во прашање неговите наследници тој одбира самостојно да ги добие и да ги израсне своите деца.



Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер