Ротердам наскоро ќе добие “модни полицајци“

Полицијата во холандскиот град Ротердам започна нова и многу контроверзна пилот програма насочена кон смалување на криминалот.

Во брзо време, улиците на Ротердам ќе добијат таканаречени “модни полицајци“.

Овој интересен и многу необичен програм на градот Ротердам и полицијата се заснова на необична идеја.

Идејата е “модната полиција“ да сопира лица кои носат скапа дизајнерска облека и накит а кои наводно според проценката на полицијата изгледаат како да се сиромашни.

Ако таквите лица (кои носат скапа облека или накит) не можат на полицијата на адекватен начин да и докажат како ги купиле тие работи, истите ќе им бидат одземени на лице место. Дури се оди дотаму осмоничените да се соблечат на улица доколку полицијата го побара тоа од “осомничените“ модни криминалци.

„Најчесто станува збор за млади лица кои мислат дека се недопирливи бидејќи се туристи. Ќе ги соблечеме на сред улица“- вети шефот на полицијата Франк Пау.

Тој тврди дека посебно внимание ќе се посвети на лицата кои носат Ролекс, Гучи јакни и останати упадливи дизајнерски облеки.

„Често запленуваме Ролекси и понекогаш облека. А токму таа стана статусен симбол за младите. Некои од нив носат јакни кои вредат и по 1.800 евра, а со оглед на тоа дека немаат никакви приходи, се поставува прашањето како всушност ги заработиле за да можат да ги купат“ – додава шефот на полицијата.

Оваа посебна програма ќе трае извесно време, а нејзината цел е да се спречи носењето на украдена облека, која крадците масовно ја крадат од продавниците.

„Не е забрането да се шетате по улиците убаво облечени, понекогаш не ни можеме да утврдиме каде е облеката купена или колку е стара“ – изјавуваат од полицијата.

Сепак, многумина се прашуваат како тие ќе препознаат (полицијата) украдена облека кога многу млади луѓе имаат родители кои можат да им дозволат скапа облека на своите деца, а жителите на Родтердам тврдат дека ова би можела да биде и скриен облик на расизам бидејќи на мета на полицијата нема да бидат само белците.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер