Русија и Германија во борба за златото на Европското првенство во одбојка

На Европското одбојкарско првенство за мажи што се одржува во Краков, Полска, денеска на програмата се натпревари за медали.

Селекциите на Русија и Германија ќе се борат за златниот медал. Русите до финалето стигнаа со убеливата победа во полуфиналниот меч против Белгија со 3:0 (по сетови 25-14, 25-17, 25-17)

Нивните противници Германците одиграа трилер меч против Сирбија кој го добија со 3:2 иако губеа со 2:0 во сетови (26-24, 25-14, 18-25, 25-27, 13-15).

За Русите вечерашното финале ќе биде вкупно 17-то, додека Германците за прв пат ќе се закитат со медал од Европските шампионати, а дали тоа ќе биде злато останува да се види по финалниот меч кој ќе се игра од 20:30 часот.

Во дуелот за бронзата од 17:30 часот ќе се борат одбојкарите на Србија и Белгија. /МИА

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер