Војникот Семен Мережников ископал дупка пред оклопното возило за да во неа запали оган и така да го загрее својот конзервиран ручек.
Меѓутоа, огнот го зафатил оклопниот транспортер и целосно го уништил, бидејќи транспортерот бил прекриен со маскирна мрежа и сува треба, па огнот многу брзо и лесно се раширил.
Оваа незгода би можела да има уште потрагичен исход бидејќи на снимката може да се види како војникот Мережников, додека се обидува да му објасни на надредениот офицер што се случило, го гаси рачниот лансер на ракети, кои се чини бил зафатен од огнот.
Војникот е казнет со шест месеци затвор.