Руските космонаути гласаа на изборите од Меѓународната вселенска станица

Руските космонаути Олег Новицки и Петар Дубров гласаа за руската Дума од Меѓународната вселенска станица (ИД), објави денеска Новицки.

Новицки рече дека гласале во петокот и дека гласањето поминало без проблеми, пишува ТАСС.

"Прво, ние би сакале Русите, што се однесува до изборите, да го направат вистинскиот избор, бидејќи судбината на земјата, судбината на секој поединец ќе зависи од овој избор. Верувам дека изборите ќе бидат во ред, “додаде космонаутот Олег Новицки.

Швајцарскиот победник на Евровизија, веднаш по победата го скршил трофејот

Швајцарецот Немо Метлер победи на овогодинешната Евровизија, која се одржа во Шведска, во градот Малме.

Кога по финалето победникот се појави во прес-центарот, на конференцијата за медиуми, доби громогласен аплауз од новинарите.

Инаку, на овој млад човек со неверојатни гласовни способности не му беше лесно, иако гледачите крај малите екрани немаа можност да го видат тоа.

Немо успеа да го скрши победничкиот трофеј, но и да го повреди палецот. Сепак, како што истакна, сѐ е во ред, тоа не му го намалува моменталното расположение.

- Целото ова искуство беше многу интензивно и не секогаш толку пријатно, многу работи се поврзани со љубовта и заедништвото, имаше толку многу различни култури и луѓе кои беа позитивни, посветени на музиката и ми даваа надеж... Не само што го скршив кодот , туку го скршив и трофејот, како и палецот, но се е ок, имам и нов трофеј - низ смеа изјави Немо.

Тој победи по гласовите на публиката, кога го престигна претставникот на Хрватска, Бејби Лазања, кој заврши на второто место.

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради улична трка

Во Скопје денеска од 08.30 часот до 10.30 часот, поради одржување на улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај.

Како што соопштија од СВР - Скопје, посебен сообраќаен режим ќе има по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански одреди“, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Денеска ќе се одржат „Беломорски Видувања",средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија

Во Скопје денеска ќе се одржат третите по ред „Беломорски Видувања", најмасовна средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Како што соопштија организаторите на средбата, на настанот најавено е присуство над 500 гости, меѓу кои и претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, преставнци на црквата, министри, градоначалници, претседателот на МАНУ, историчари, општественици...

притисни ентер