Руските милијардери своите јахти ги преселија на Малдивите

Најмалку пет суперјахти во сопственост на руски милијардери денеска биле закотвени или крстареле околу Малдивите, островска држава во Индискиот Океан која нема договор за екстрадиција со Соединетите држави, покажале податоците за следење на бродови.

Пристигнувањето на бродовите во архипелагот во близина на брегот на Шри Ланка дојде по воведувањето на строги санкции кон Русија, како резултат на инвазијата на Украина.

Суперјахтата Clio, во сопственост на Олег Дерипаска, сопственик на алуминиумскиот гигант Русал, а санкциониран од САД во 2018 година, денеска е закотвена во близина на главниот град Мале, според базата на податоци MarineTraffic.

Титан, во сопственост на Александар Абрамов, ко-основач на производителот на челик Евраз, пристигнала на 28-ми февруари.

Другите јахти во сопственост на руски милијардери се видени како крстарат по водите на Малдивите, покажале податоците. Тоа ја вклучува и 88-метарската Нирвана во сопственост на најбогатиот Русин Владимир Потанин. Повеќето од бродовите претходно оваа година биле закотвени во пристаништата на Блискиот Исток.

Портпаролот на владата на Малдивите не одговорил на барањето за коментар.

Соединетите Држави соопштија дека ќе преземат тешки чекори за запленување на имотот на санкционираните Руси.

„Следнава недела ќе отвориме мултилатерална трансатлантска работна група за да ги идентификуваме, ловиме и замрзнеме имотите на санкционираните руски компании и олигарси - нивните јахти, вили и други нелегално стекнати стоки што можеме легално да ги најдеме и замрзнеме“, твитна Белата куќа во неделата.

Вашингтон воведе санкции за Дерипаска и други влијателни Руси во 2018 година поради нивните врски со претседателот Владимир Путин по наводното руско мешање во изборите во САД во 2016 година, што Москва го негира.

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

притисни ентер