Саливен: Кина ќе се соочи со „меѓународна изолација" ако не соработува за потеклото на корона

Кина ќе се соочи со „меѓународна изолација" доколку не соработува за време на понатамошните истраги за потеклото на коронавирусот.

Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан изјави дека Кина ќе се соочи со „меѓународна изолација" доколку не соработува за време на понатамошните истраги за потеклото на коронавирусот.

Саливан го пофали американскиот претседател Џозеф Бајден што им рекол на своите колеги од Г7 да ја „притиснат" Кина да дозволи отворена истрага за потеклото на пандемијата, јави „Фокс њуз".

„Она што Бајден го стори во Европа минатата недела се нарекува собир на демократскиот свет со заеднички глас за ова прашање, првпат по избувнувањето на пандемијата. Поранешниот претседател Трамп не можеше да го стори тоа, а тоа го направи и Бајден. Тој го собра Г7 да ја поддржат изјавата на сите во која се вели дека Кина мора да дозволи истрага на нејзината територија", изјави Саливан.

Американскиот советник за национална безбедност вели дека Кина има два избора – или да им дозволи на истражителите, на разумен начин, да ја направат вистинската работа и да разберат од каде потекнува новиотѕ коронавирус или да се соочи со меѓународна изолација.

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради улична трка

Во Скопје денеска од 08.30 часот до 10.30 часот, поради одржување на улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај.

Како што соопштија од СВР - Скопје, посебен сообраќаен режим ќе има по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански одреди“, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Денеска ќе се одржат „Беломорски Видувања",средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија

Во Скопје денеска ќе се одржат третите по ред „Беломорски Видувања", најмасовна средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Како што соопштија организаторите на средбата, на настанот најавено е присуство над 500 гости, меѓу кои и претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, преставнци на црквата, министри, градоначалници, претседателот на МАНУ, историчари, општественици...

Претпладне сончево, попладне наместа облачно со краткотраен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. 

Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Од УХМР информираа дека во Скопје времето ќе биде сончево со умерена, а попладне зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

притисни ентер