Санде Стојанов од Каратманово ќе добие работа - помош пристига од цел свет

По вчерашната сторија на Канал 5 за бедата на семејството Стојанови од селото Каратманово, пристигнаа многубројни повици за помош во Канал 5 и во селото./Обновено во 17 и 25 часот

Има храна, од денеска, во домот на семејството Стојанови во селото Каратманово. Првите прехрамбени производи и пакети со хигиенски сретства,облека, училишен прибор и играчки ги донесоа Црвениот крст и министерството за труд и социјална политика. Семејството го посетија министерот Диме Спасов. Тој разговараше со Санде,Јасмина и петте малолетни деца. Министерот ги информираше дека ќе добијат еднократна парична помош во висина од 30 илјади денари, апарати за домаќинство од проектот Топол дом, дека ќепродолжат да ја следат состојбата во која живеат и на Санде му понуди работа како овчар.

Покажаната грижа, посета на министерот и помошта многу значи за моето семејство, рече Санде и се заблагодари за понудената работа.

Децата на Стојанови ќе тргнат на училиште а тие очекуваат да им се подобри животот. Ќе добијат еднократна парична помош и од општина Лозово. За нив донација во храна подготвува и позната македонска фирма за производство на прехрамбени производи со седиште во Велес. Објавената приказна на Канал 5 за бедата во која живее ова семејство, со пет малолетни деца, поттикна хуманост и кај многу граѓани во државата.Македонци од Австралија и Белгија први испратија помош во пари. Нивниот пример ќе го следат граѓани од државата како и наши исселеници од уште неколку европски земји. Акции за собирање на помош за Стојанови иницираа и граѓански здуженија.

Украина го осуди најновиот руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура

Во текот на изминатата ноќ руските сили извршија уште еден „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, при што беа повредени најмалку шест лица, соопштија украинските власти.

„Непријателот не се откажува од своите планови да ги лиши Украинците од уште еден масовен напад врз нашата енергетска индустрија“, напиша украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко на Телеграм.

Нападите беа насочени кон производството и преносот на електрична енергија во регионите Полтава (исток), Кировоград (центар), Запорожје (југ), Лавов, Ивано-Франковск и Виниција (запад).

Локалните власти соопштија дека шест лица се повредени во текот на ноќта во неколкуте нападнати области.

Се додава дека „сериозно се оштетени“ зградите на компанијата ДТЕК, најголемиот приватен инвеститор во енергетскиот сектор на Украина, како и три термоелектрани.

Локалните власти соопштија дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, во февруари 2022 година, енергетските објекти се бомбардирани околу 180 пати, од кои пет во последните неколку недели.

Како што соопшти денеска воената управа на градот Киев, руските стратешки

Во Куманово навреме отворени сите гласачки места, во Умин Дол едно со задоцнување

Во Куманово навреме се отворени сите гласачки места освен  гласачко место 1100 во село Умин Дол, каде што поради технички проблеми со апаратот за биометриска идентификација гласањето почнало во 8.45 часот.

Како што соопшти претседателката на Општинската изборна комисија Куманово, Елизабета Стојковска, за проблемот била известена Државната изборна комисија и по официјално барање на ОИК добиена е дозвола од ДИК гласањето да продолжи со УВ-ламба и УВ-спреј.

Според податоците на ОИК, во Куманово право на глас за Претседателските избори имаат 93.508 избирачи, а за Парламентарни избори 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

Израел го отвори граничниот премин „Керем Шалом“

Израел го отвори преминот „Керем Шалом“ на својата граница со Појасот Газа, соопшти израелската служба што управува со пунктот.

Канцеларијата соопшти дека камиони со хуманитарна помош веќе минуваат низ проверки на пунктот.

Хамас пред три дена истрела ракети од областа на граничниот премин Рафа. Тие го гаѓаа граничниот премин „Керем Шалом“, при што во нападот беа убиени четворица израелски војници. Излезот беше затворен по нападот.

„САД синоќа беа известени дека граничниот премин „Керем Шалом“ меѓу Израел и Газа ќе биде отворен денеска“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

притисни ентер