СДСМ: Градиме по план, изградба на фекална и атмосферска канализација и нов асфалт на улица „Петричка“ во Маџир Маало

Локалната Власт предводена од СДСМ продолжува со низа активности кои го подобруваат секојдневието на граѓаните, изјави Оливер Тоновски, советник во Советот на општина Центар

Општина Центар го решава долгогодишниот проблем на нашите сограѓани од Маџир маало.

Во соработка со Министерството за транспорт и врски, по добиен грант од нивна страна почнуваме со изградба на фекална и атмосферска канализација во должина од 450 метри и реконструкција на водоводната мрежа.

Досега, жителите на оваа стара и позната скопска населба беа приморани да користат септички јами поради неизградената канализациона мрежа.

По завршување на овој зафат, Општина Центар ќе постави нов коловоз во должина од 2700 метри квадратни.

Градиме по план и обезбедуваме безбедни и сигурни коловози.

Градоначалникот и советниците во Општина Центар, како и досега продолжуваат да работат во интерес и за доброто на граѓаните.

Зборот важи!, рече Тоновски.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 126.678 Пендаровски 51.965

На обработени 12% од избирачките места и 4,43% од гласачите во Македонија, Гордана Силјановска Давскова има огромно водство пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 126.678 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 51.965лица. Регистрирани се и 7555 неважечки ливчиња.

Ѓоковиќ ги охрабри навивачите: Очекувам да бидам во врвна форма на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ одржа прес конференција во Рим, каде ќе учествува на Мастерсот, што е негова последна подготовка пред Ролан Гарос.

Ноле истакна дека е задоволен од тоа како ги одработил тренинзите и очекува да биде во топ форма за Ролан Гарос, како и за Вимблдон и Олимписките игри потоа.

- На добар пат сум да бидам во топ форма на Ролан Гарос. Одработив добар тренинг, се надевам дека ќе играм подобро овде отколку во Монте Карло. Целта е да се оди што подалеку.

- Задоволен сум од тоа како поминаа последните 14 дена, со оглед на серијата на Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри, што е важен блок за мене... Но, тренинзите со спаринг-партнерите не е исто што и играњето против најдобрите играчи во светот. Мора да го вратам ритамот и интензитетот на натпреварувањето - истакна Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е слободен како прв носител, а во вториот носител ќе игра против победникот од мечот Роман Сафиуљин - Корентан Муте.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 68.65%, Пендаровски 27.28%

На 8% од обработените гласачки места во Македонија, Гордана Силјановска Давскова води со над 50.000 гласови разлика пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 86.688 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 34.450 лица. Регистрирани се и 5134 неважечки ливчиња.

притисни ентер