СДСМ: Со приоритетите од Акција 21, ја носиме Европа дома, за подобар живот на сите граѓани

СДСМ како одговорна партија, во наредниот период со уште поголема верба и мотивираност ќе работи да ги донесе европските стандарди дома, во нашата татковина.

Следната година, но и годините по неа ќе ги посветиме на реализација на новата стратешка рамка на Владата „Акција 21 – за европски стандарди дома", која опфаќа 10 приоритети, секој подеднакво важен за позитивна трансформација на македонското општество.

Прв приоритет е правосудството и негово прочистување со цел обезбедување на силна и ефикасна правна држава која испорачува правда.

Приоритет е и бескомпромисна и неселективна борба против корупција.

Истовремено, се обврзуваме на силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина.

2021 година ќе биде година на конечно запирање на ширењето на КОВИД-19 и санирање на штетите од глобалната криза. Веќе е реализирана уплата за 833.000 во рамки на Ковакс механизмот, а стигнуваат и добри вести од нашите соседи, околу набавка на нови вакцини, во исто време кога ќе пристигнат од ЕУ.

Преку индустријата за одгледување канабис за медицински цели и за производство на продукти од оваа билка, светските и европски стандарди во новите економски можности ги носиме дома.

Меѓу десетте приоритети од „Акција 21" се и спроведување на попис според стандардите на ЕУРОСТАТ, вложувања во енергетиката и инфраструктурата, борбата против лажните вести, реформи на образовниот систем, како и искористување на нови економски потенцијали.

Граѓаните заслужуваат да живеат во држава со европски стандарди, затоа ја носиме Европа дома, за подобар живот за секој граѓанин.

СДСМ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер