СДСМ: Вложуваме во спортот, градиме нов спортско – адреналински парк во Општина Карпош

На оваа локација, позади мене, наскоро ќе започне изведбата на нов Спортско – Адреналински парк во Општина Карпош,рече Филип Даскаловски, советник во Советот на општината.

Станува збор за реализација на едно од главните изборни ветувања на СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев.

За овој парк, Општина Карпош доби грант, неповратни средства од 890 илјади евра од страна на Светска Банка. Овој потег, од вештачката карпа до бунарите на реката Лепенец целосно ќе се разубави, со ново зеленило, како и содржини за спорт и рекреација на граѓаните.

Локалната самоуправа интензивно работи на проектни апликации за добивање на средства од европски фондови и други меѓународни институции.

Веќе започна со работа целосно новата градинка во Бардовци, за која беше добиен грант од околу 250 илјади евра, средства на Европската Унија, а процесот го спроведуваше Светска Банка.

Во моментов, се работи на инклузивно детско игралиште во Влае 2, на плоштадот „Делфина", за кое исто така е добиен грант од 50.000 евра од Швајцарската агенција за соработка и развој преку Скопски плански региони.

На овој начин, значително се заштедуваат и пари на граѓаните, затоа што Општината добива средства кои се неповратни.

Општина Карпош е во тешка финансиска состојба, но завршено е времето кога се подигнуваа кредити и парите на граѓаните се трошеа ненаменски и расипнички.

Евроатлантската перспектива секојдневно отвора нови можности, нови фондови и опции преку кои локалната самоуправа може да се развива и да оди напред.

Карпош ќе продолжи да биде лидер во искористувањето на средства од европските фондови, меѓународни финански институции и други организации.

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

НБА кошаркар дивее на теренот- намерно со топка ги гаѓа навивачите (ВИДЕО)

Милвоки Бакс се прости од оваа сезона во НБА со пораз во првото коло од плејофот на Источната конференција од Индијана Пејсерс.

Серијата ѝ припадна на екипата на Индијана со вкупни 4:2, а додека се уште траеше последниот натпревар, кошаркарот на Бакс, Патрик Беверли, на непримерен начин го исфрли бесот и фрустрацијата.

Во последните минути од натпреварот кој отиде на страната на Пејсерси со 120:98, Беверли седеше на клупата за резерви. Тој стана од неа и со топка удри навивачка на ривалскиот тим во глава. Потоа побарал да му ја вратат топката, а потоа со неа го удрил човекот кој му ја фрлил. Играчите на Бакс, стручниот штаб и обезбедувањето ја смируваа ситуацијата.

притисни ентер