СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека реформите во одбраната се на прав пат

 Помина времето на партизираната администрација, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека реформите во одбраната се на прав пат.

Очигледна е нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ предизвикана од постигнатиот успех на сегашното раководство на МО, зголемените плати и стандард на припадниците на Армијата, и обезбеденото членство во НАТО за кое ВМРО ДПМНЕ 11 години не мрдна со прст.

Помина времето кога лицата ангажирани по договор добивале повици од партиските јуришници на ВМРО со барања и условувања со пристапница кон ВМРО-ДПМНЕ и список со 10 загарнатирани гласачи за да бидат вработени, а оние кои не прифаќале добивале отказ.

Помина времето на ВМРО-ДПМНЕ кога елементарен критериум за напредување во министерството беше партиската припадност додека оние, кои се сметаа за симпатизери на други опции, безмислосно се деградираа и распоредуваа на други, пониски и несоодветни работни позиции за што сведочат и подоцнежни судски пресуди.

Помина времето на Јолевски кога главен фактор во министерството беше ликовен критичар, а раководителите педагози. Помина времето кога Министерството служеше како параван за склучување на штетни договори и агенција за организирање на туристички патувања на Министерот и неговите блиски во странство , најмногу во САД каде се организираа и концерти на естрадни уметници – на сметка на МО.

Помина времето кога сите кои мислеа поинаку беа повикувани на разговор од партиски поставените раководители за да бидат предупредени да не учествуваат на протести надвор од работното време со закани дека службената оценка ќе им биде намалена или дека ќе бидат казнети по друг основ. Тоа помина и нема да се врати.

Партизацијата на институциите и администрацијата беше апсолутен симбол на 11 годишното режимско владеење на опозицијата, кога вработените во администрацијата беа користени исклучиво за партиски цели.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од груевистичката матрица и не може да се помири со фактот дека денес институциите функционираат професионално, без притисоци, уцени и закани.

Граѓаните многу добро се сеќаваат на режимското криминално владеење на опозицијата, селективните и исклучиво партиски вработувања и затоа на 12 април јасно ќе порачаат – режим никогаш повеќе.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер