СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нуди само враќање на режимот, работи на штета на државата и граѓаните,затоа ќе бидат поразени на 12 април

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, го нарушува функционирањето на полицијата и ја загрозува безбедноста на граѓаните.

Јавноста за само една недела го виде вистинското лице на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада и она што опозицијата може да го понуди – враќање на режимот, насилствата, несигурноста, нестручно и незаконско работење на штета на граѓните и државата.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, го нарушува функционирањето на полицијата и ја загрозува безбедноста на граѓаните.

Чулев издал телеграма со која ги укинува наредбите за извршување задачи на полицајците во други организациони единици (член 154 од Законот за внатрешни работи).

Со тоа Чулев создава недостаток на полицајци за обезбедување и директно ја загрозува безбедноста на лицата и објектите кои МВР има законска обврска да ги обезбедува, како и амбасадите на неколку држави, резиденцијата на амбасадорот на ЕУ и други.

Со таквото неодговорно и незаконско работење, Чулев ја доведува во опасност безбедноста на границата, на највисоките државни претставници, како и на амбасадите во нашата држава односно ја загрозува целокупната безбедносна состојба во државата.

Загрозувањето на безбедноста на граѓаните, на границата и државните објекти е кривично дело. ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои сакаат да го загрозат територијалниот интегритет на државата.

Постапките на Чулев покажуваат дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште се кадрите под контрола на Груевски кои работат на штета на интересите на граѓаните.

Наместо да се фокусираат на тоа за што се назначени и да работат на создавање услови за слободни и фер избори, кадрите на Мицкоски во преодната Влада се посветени на партизирање и блокирање на нормаланата работа на институциите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат на враќање на режимот, на враќање на ВМРО-МВРО, но граѓаните и СДСМ тоа нема да го дозволат.

Времето на МВРО одамна заврши и не смее и нема да се дозволи контрола на партијата врз министерството за внатрешни работи, како што навикна ВМРО-ДПМНЕ за време на својот 11-годишниот режим.

Личните напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да не спречат да му застанеме на патот на дивеењето во МВР.

На 12 април граѓаните ќе изберат напредок, нормална држава и продолжување по вистинскиот пат, режим никогаш повеќе.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Хорор во Лајпциг: Човек е удрен со мачета, полицијата ги бара напаѓачите (Вознемирувачко видео)

Во „најопасната улица во Германија“ се одвивала вистинска драма откако по расправија дошло до физичка пресметка во која била употребена и мачета.

Според Билд, учесници во инцидентот најверојатно се Курди од Турција.

На пресметката ѝ претходела навреда, која прераснала во физичка пресметка меѓу десетина мажи на улица.

Очевидци ја известиле полицијата, но кога пристигнале патролите, хулиганите исчезнале. На местото на настанот останале само две жртви (двете на возраст од 26 години). За среќа се здобиле со полесни повреди.

„Поголемиот дел од времето повеќе не се среќаваме со ниту еден од учесниците; често повредените се тие кои остануваат на лице место.“

Се чини дека жртвите стравуваат од одмазда од напаѓачите, додава Билд.

Но, овој пат има видео од уличната тепачка во Лајпциг - снимена од очевидец - а сега кружи на платформата Х.

На видеото може да се види како се тепаат десетина мажи.

Еден од нив го извлекол подебелиот крај, бидејќи останал раскрвавен на улица.

На видеото се гледа и човек со мачета, кој на турски вика: „Кучкин сине, да ти е*ам!“

Го удрил оштетениот со мачета во пределот на вратот, но за среќа со тапата страна.

„Свесни сме за видеото и тоа е вклучено во нашата истрага за конфронтацијата на Ајзенбахштрасе“, изјави портпаролот на полицијата во Лајпциг.

„Идентификувањето на осомничените сега е наш приоритет“, додаде тој.

Што се однесува до Ајзенбахштрасе, Билд наведува дека улицата е позната по дрога и борби на бандите кои дистрибуираат наркотици.

Но, додава германскиот весник, овојпат најверојатно станува збор за спор во рамките на курдската заедница.

Фон дер Лајен:Ако Путин го прекине бомбардирањето,мировни преговори може да почнат следниот ден

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека доколку рускиот претседател Владимир Путин престане да ја бомбардира Украина, мировните преговори може да почнат следниот ден, пренесе Анадолија.

Фон дер Лејен, која дојде во Рим за време на изборната кампања за Европскиот парламент (ЕП), се сретна со млади гласачи заедно со Антонио Тајани, лидерот на Форца Италија (ФИ).

Таа на средбата зборуваше за војната меѓу Русија и Украина.

- Доколку Путин го прекине бомбардирањето, следниот ден може да се одржат мировни преговори. Но, мировниот процес мора да го водат Украинците. Нивно право е да го направат тоа, рече претседателот на Европската комисија.

Кога Фон дер Лајен пристигнала на средбата со младите, ја пречекала група од десетина луѓе кои извикувале „Срамота“ и „Слободна Палестина“, јави Анадолија.

НАСА постави прв шеф за вештачка интелигенција, за си ја да обезбеди водечката улога

НАСА го назначи својот прв шеф на вештачка интелигенција (ВИ) кој ќе биде во чекор со ова витално и брзо развивачко поле.

Станува збор за Дејвид Салвањини, кој беше шеф за користење податоци, пишува Space.

„AI се користи безбедно во НАСА со децении и како што се развива оваа технологија може да го забрза процесот на откривање. Важно е да останеме на чело на напредокот и одговорното користење. На својата нова позиција, Дејвид ќе ја води одговорната употреба на вештачката интелигенција во вселената и на Земјата за доброто на целото човештво“, се вели во соопштението на НАСА.

Американската вселенска агенција користи вештачка интелигенција, на пример, во климатското моделирање, за да придонесе за подобро разбирање на ефектите од глобалното затоплување врз животната средина и нивното ублажување.

Салвањини ќе управува со развојот на широка визија за развој и употреба на вештачка интелигенција, како и иновации преку оваа технологија. Во проширен капацитет, НАСА ќе продолжи да соработува со други владини агенции, академски институции, индустриски партнери и други експерти за да обезбеди лидерска позиција во областа на вештачката интелигенција.

Салвањини се приклучи на НАСА во јуни 2023 година по повеќе од 20 години во разузнавачката заедница. Има и воено искуство. Тој служел 21 година во воздухопловните сили на САД.

Во раководството на секторот за вештачка интелигенција, сепак, немало вакуум пред назначувањето на Салвањини. Кејт Калвин, научен шеф на НАСА, била задолжена за вештачката интелигенција.

притисни ентер