СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се потонати во очај и безидејност,како ќе се наближува денот на изборите,така продукцијата на лажни вести ќе ја зголемуваат

ВМРО-ДПМНЕ се потонати во очај и безидејност,како ќе се наближува денот на изборите,така продукцијата на лажни вести ќе ја зголемуваат, се наведува во реакцијата на СДСМ на изјавата на Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ целосно потона во матрицата на лажни вести, измислици и конструирани случаи.

Излегувањето на прес-конференции на кои освен невистини и лажни, непостоечки сценарија нема ништо ново да се слушне, стана секојдневие кај ВМРО-ДПМНЕ.

Овојпат на говорницата за пласирање на лаги излезе адвокатката Николовска која остана запаметена во јавноста како бранител на обвинетите за 27 април, како и обвинети во предмети кои ги водеше своевремено СЈО. Како вистински бранител на претставниците на режимската влада предводена од Груевски.

Горан Ѓошевски, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески се дел од обвинетите по разни предмети , зад чија одбрана стои токму адвокатката која денес потврдува дека се залага за враќање и обнова на режимот.

Очигледно е дека како ќе се наближува денот на избори ,така исчадените петарди ќе стануваат секојдневие на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за опојни дроги беше донесен за време на ВМРО-ДПМНЕ , а за него гласале и Милошоски и Стефананџија и Ѓорчев, гласните пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, денес како да заборавило ВМРО-ДПМНЕ за овој факт.

Очигледна е безидејноста и очајот во кој е западната оваа партија.

Опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот.

На 12 април граѓаните ќе ги поразат политиките на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер