СДСМ: За 20 пати се зголемува опфатот на деца за детски и образовен додаток

Со новата социјална реформа, која веќе е усвоена од Собранието, градиме систем кој трајно извлекува од секаков вид на сиромаштија.

За 20 пати се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток и суштински се преобразува социјалната заштита.

Детскиот додаток кој досега го користеа 3.200 деца со новата реформа ќе го користат 73.500, додека образовниот додаток наместо 3.800 деца, сега ќе го користат 61.143 деца.

Продолжува вистинската грижа за граѓаните преку вистинска помош и поддршка на семејствата на кои помошта им е неопходна.

Преку реформските мерки и новата социјална реформа се враќа социјалната правда, која е темел за градење на праведно општество кое нуди еднакви можности за сите.

Зборот е збор, градиме фер и праведно општество за сите, државата продолжува напред.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Ристески: Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, особен фокус во работењето ќе стави на правосудниот систем и борбата против корупцијата.

Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт. Ќе спроведеме политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизацијата и кронизмот. Кандидатите за судии и кандидатите за претседатели на судовите ќе се рангираат по законски критериуми. Ќе ги регулираме и постапките за преземање и префрлање на судиите во другите судови.

Предвидуваме нова програма за испитување на исполнетоста на условите на професионалните и образовните критериуми за избор на судии. Ќе спроведеме целосна ревизија на приемот на кадидати на Академијата за судии и јавни обвинители.

Предвидуваме распуштање и целосна реформа на судскиот совет кој се покажа досега како ранлив од надворешни влијанија.

Ќе следува проверка на имотот на судиите и обвинителите.

Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво за што ќе биде формирано владино координативно тело против корупцијата, а преку реформи ќе имаме силен и ефикасен државен завод за ревизија. Ќе воведеме механизам преку кој ќе има зголемени санкции против функционерите, а преку посебна мерка ќе имаме нула корупција во јавните набавки.

Почитувани, ова се само мал дел од проектите за подобар правосуден систем и борба против корупцијата. На 8-ми мај, со заокружување на број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, ќе ставиме крај на хаосот и безредието кој владата предводена од СДС и ДУИ ги остави. Број 2 за достоинствена и горда Македонија.

Прес конференција на кандидатот за пратеник Петар Ристески.

Кливленд го оствари најголемиот камбек во „мајсторка“ од НБА плејофот по 1997 година

 Екипата на Кливленд кавалирс имаше негатива од 18 поени во првото полувреме од седмиот натпревар од нивната плејоф серија со Орландо меџик.

Кливленд губеше 31:49 на 4 минути до крајот на втората четвртина, но успеа да ја надмине негативата и да го добие натпреварот со резултат 106:94.

Кавалирс го направија најголемото враќање во седми натпревар од плејоф серија на најсилната кошаркарска лига на светот по 1997 година.

Тимот предводен од тренерот Џеј Би Бикерстаф се пласираше во второто коло од плејофот за прв пат од 2019 година.

Во четвртфиналето од разигрувањето за шампионскиот трофеј, ривал на Кливленд ќе биде тимот на Бостон селтикс.

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!

Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни е на крстопат, одлуката која ќе ја донесеме ќе ја обликува судбината на Македонија во годините што доаѓаат. 

„Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни е на крстопат, одлуката која ќе ја донесеме ќе ја обликува судбината на Македонија во годините што доаѓаат. Вашиот глас нема да биде само исполнување на граѓанска должност, туку и влог во наследството кое ќе го оставиме“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во изборна единица 2.

Тој истакнува дека секој глас е скапоцен, притоа посочувајќи дека избори може да се добијат или изгубат со мали разлики, но со големи последици.

„Затоа секој од вас е важен за да продолжиме по нашиот пат кон Европската унија.

Да не дозволиме да отстапиме од тоа што седум години го градиме заедно и внимателно. Вашата желба за европски стандард и квалитет на живот е најважна, а тоа може да го исполниме со заокружување на бројот 1“, вели Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник, Битиќи потсетува дека пред седум години излеговме од сенките на поделеноста и заробената држава, притоа предупредувајќи дека национализмот и изолацијата повторно демнат, како што тој вели, на нашиот праг.

„Тоа не треба да не' плаши бидејќи ние ја имаме моќта да одлучуваме за нашата судбина.

Секој од нас сноси одговорност, никој не е изоставен. Без разлика дали сте земјоделци, учители, доктори или студенти - вашиот глас е важен. Затоа на 8-ми мај излезете на гласачките места и дадете го својот глас за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, изберете го напредокот, оставете зад себе наследство на напредок, единство во различностите и просперитет“, порачува Фатмир Битиќи, ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во изборна единица 2.

притисни ентер