Се чествува Денот на планетата Земја

 Светот денеска го одбележува Денот на планетата Земја, меѓународна иницијатива чија главна цел е да ја подигне свеста кај луѓето за заштита на животната средина и зачувување на планетата.

Денот на Земјата се чествува по 55. пат. Тој се слави секој 22 април, а првпат тоа се случило во 1970 година во САД, во организација на американскиот сенатор Гејлорд Нелсон и активистот Денис Хејс. За време на првите демонстрации, повеќе од 20 милиони луѓе излегоа на улиците на САД.

Според меѓународната организација „Ден на планетата Земја“, годинава главна тема е борбата против пластиката под наслов „Планетата против пластиката“.

Иницијаторите, инаку, дошле на замислата за организирање „Ден на планетата Земја“ кога светот ја виде штетата од излевањето на 11 милиони литри нафта во Тихиот океан, што се случило како последица на несреќа при работа на нафтена платформа близу Санта Барбара, Калифорнија, САД.

Денот на планетата Земја ширум светот се одбележува со бројни акции, како што се собирање ѓубре, садење дрвја, протести за борба против климатските промени, едукативни работилници итн. /МИА

Најмалку 11 загинати во автобуска несреќа во Индонезија- удрил во два мотори и се превртел

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во автобуска несреќа што се случи во провинцијата Субанг во индонезиската провинција Западна Јава.

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во автобуска несреќа што се случи во провинцијата Субанг во индонезиската провинција Западна Јава, изјави директорката на покраинската канцеларија за пребарување и спасување, Хери Марантика, чиј персонал учествувал во евакуацијата на жртвите.

„Според извештаите, 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени. Оние со сериозни повреди се итно пренесени на лекување во Општата болница во Субанг, додека оние со полесни повреди се испратени во околните здравствени клиники“, рече тој, пренесе Ксинхуа.

Во автобусот се превезувале над 40 луѓе, од кои повеќето биле студенти кои се враќале од рекреативно патување, соопшти Марантика.

Претставник на локалната полиција изјавил дека возачот на автобусот изгубил контрола над возилото откако откажале сопирачките.

Автобусот удрил во два мотоцикли пред да се преврти, додаде тој.

Причината за несреќата се уште е под истрага.

Маск: Следниот лет на „Starship“ се планира за три до пет недели

Ракетата Starship во сопственост на SpaceX најверојатно ќе го започне четвртиот лет за три до пет недели, изјави денеска сопственикот на компанијата, Илон Маск.

„Целта е бродот да помине низ максимално загревање, или барем повеќе од минатиот пат“, рече тој во објавата на мрежата X.

Претходно оваа година, Starship го заврши речиси целиот свој пробен лет во вселената и отиде најдалеку досега на третиот лет, но се распадна по враќањето на Земјата, пренесува Ројтерс.

Оваа ракета е дизајнирана со крајна цел да однесе астронаути на Месечината и на други дестинации.

Украински дрон предизвика пожар во рафинерија во рускиот град Волгоград (ВИДЕО)

Полноќен напад со украинско беспилотно летало предизвика пожар во нафтена рафинерија во рускиот град Волгоград, на југот на Русија, изјави денеска гувернерот на регионот Волгоград, Андреј Бочаров, цитиран од британските медиуми. 

Според него, пожарот бил брзо изгаснат, а инцидентот поминал без жртви.

-Како резултат на удар на дрон со последователна детонација, избувна пожар на територијата на рафинеријата Волгоград. Противпожарните екипи веднаш го изгаснаа пожарот. Немаше жртви, напиша Бочаров во „Телеграм“, цитиран од руските медиуми.

притисни ентер