Се дезинфицираат судниците и се прави нов распоред за седење на странките во Кривичниот суд

Денеска и утре, 1-ви и 2 јуни, Судот ќе постапува само по итни – притворски предмети и предмети поврзани со член 205 – 206 од КЗ.

Основниот кривичен суд Скопје информира дека започнува со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда и оти од среда, 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува по сите насрочени судења согласно календарот за судење објавен на веб страната на судот.

-Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека по добивање на одлуката на Судскиот совет на Р.М. за судење на сите насрочени судења која беше објавена во петок 29 мај, попладне започнува со интензивни подготовки на сите судници и простории во судската зграда. Во текот на денешниот ден ќе се врши целосно дезинфицирање на судниците и нов распоред за седење на странките согласно препораките на Владата за заштита од ширење на вирусот КОВИД – 19, се вели во соопштението од Судот.

Заради тоа, посочуваат оттаму, денеска и утре, 1-ви и 2 јуни, Судот ќе постапува само по итни – притворски предмети и предмети поврзани со член 205 – 206 од КЗ, како и во изминатите два месеца, а од среда, 3 јуни, доколку во меѓувреме не се добијат нови напатствија од Судскиот совет, ќе се постапува и по сите останати насроечни судења согласно календарот за судење објавен на веб страната на судот./МИА

Заврши првата средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Влен“

Пред малку во седиштето на ВРЕДИ заврши средбата со претставници на ВМРО-ДПМНЕ. 

Попладнево се одржа првата средба на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Влен за контурите на следната Влада.

На плоштадот Скендер Бег е Игор Манасиевски.

Со која динамика ќе се одвиваат разговорите за новата Влада?

Со која динамика ќе се одвиваат разговорите за состав на новата Влада? Дел од аналитичарите не очекуваат потешкотии при договарањето на владината програма.

Кога и како ќе завршат започнатите разговори за формиорање на новата македонска Влада? Дек од аналитичарите сметаат дека нема да има поголеми потешкотии при составувањето на новиот владин состав и распределбата на ресорите. Според Благојче Атанасовски Единствена пречка би можела да биде отворањето на Уставот за во него да бидат вметнати Бугарите, нешто што исклучително јасно го бара албанскиот блок. Според него не еисклучена опцијата во парламентарната коалиција да влезе и ЗНАМ, на Максим Димитриевски.

И аналитичарот Љуљзим Фаризи не смета дека би имало пречки при формирањето на новата влада. Според него, составувањето влада и уставните измени не треба да имаат заедничка точка.

Претходно во јавноста се појавија информации дека веќе биле договорени министетрските и директорските места кои ќе бидат доделени на Вреди. Оваа информација беше експресно демантирана од партијата.

Десетици загинати во големите поплави во Авганистан (ВИДЕО)

Три авганистански провинции се погодени од разорни поројни поплави бидејќи новиот бран поплави се заканува на северот на земјата, соопштија денеска властите, додавајќи дека најмалку 153 лица загинале.

Провинцијата Баглан е најпогодена од катастрофата. Официјалните лица се обидуваат да го утврдат точниот број на жртви, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека има најмалку 153 загинати, а уште 100 лица се повредени.

Официјални лица во соседната провинција Тахару објавија повеќе од 20 смртни случаи, додека провинцијата Бадакшан потврди два смртни случаи и две исчезнати лица. Поплавите предизвикаа уништување на имоти и земјоделството во сите погодени подрачја.

Авганистанското Министерство за здравство во соопштение потврди дека телата на жртвите се пренесени во регионалните болници, но ги нагласи тековните напори за утврдување на точниот број на жртви, бидејќи размерите на човечките загуби остануваат нејасни.

Спасувањето е отежнато поради непристапноста на погодените подрачја. Испраќањето на копнени спасувачки тимови се покажало неуспешно, што го натера авганистанското Министерство за одбрана да распореди хеликоптери за операции за пребарување и спасување, како и за транспорт на потенцијални жртви.

Жителите на Баглан ги окарактеризираа поплавите како поголеми од сите претходни.

Авганистан веќе некое време постојано е зафатен од поплави. На почетокот на неделата имаше загинати во делови од земјата по обилните врнежи. Најмалку 70 луѓе ги загубија животите во поплавите минатиот месец.

По децении војна и конфликти, земјата едвај има средства да ги ублажи ефектите од климатските промени.

притисни ентер